1. СОЧУВСТВИТЕЛНА НАДЕЖ
Недела, 27 септември 2026
а. Како можеме да бидеме вдахновени од Павловиот поздрав од римскиот затвор? Филипјаните 1:1-5.
„Посланието до Филипјаните, како и она упатено до Колосјаните, Павле го напишал додека бил заточеник во Рим.“
Извор: Делата на апостолите, стр. 479.
„Павле им пишува на овие браќа како ’свети во Исус Христос’, но не им пишувал на луѓе со совршен карактер. Тој им пишувал како на мажи и жени кои се бореле со искушенијата и биле во опасност да паднат. Ги насочува кон ’Бога на мирот, Кој го воздигна од мртвите, Големиот Пастир на овците’. Ги уверува дека со ’крвта на вечниот завет’ Тој ќе ’ве усоврши во секое добро дело за да ја вршите Неговата волја, вршејќи го во вас, она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос’. Кога заблудениот ќе ја воочи својата грешка, внимавајте да не го уништите неговото самопочитување. Немојте да го обесхрабрувате, укажувајќи му недоверба и незаинтересираност. Не велете: ’Немам доверба во него, додека не видам дали ќе се одржи’. Честопати, оние што се во искушение, се сопнуваат токму заради тоа што се нема доверба во нив… Ако душата за која се залагаме не одговори веднаш на нашите обиди, ние се обесхрабруваме премногу брзо. Сè додека постои и најмала искра на надеж, ние не треба да престанеме да работиме за таа душа.“
Извор: Здравје и среќа, 167, 168.
