Сподели го ова:

1. ДЕЛОТО НА ДУХОТ

Недела, 9 август 2026

а. Каква поука ни дал Христос опишувајќи го делото на обратувањето?

Јован 3:5–8.

„Некој можеби не ќе може да го наведе точното време и место на своето обратување, или сите околности кои довеле до него; но тоа не докажува дека не се обратил… Како невидливиот ветер, чие делување јасно се гледа и се чувствува, така и Божјиот Дух работи на човечкото срце. Таа обновувачка сила, која ниедно човечко око не може да ја види, зачнува нов живот во човекот; создава нов лик по Божјиот облик.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 57.

б. Какви промени ќе се видат во животот на оној што е вистински обратен?

Римјаните 12:9–18; 2 Коринтјаните 5:17.

„Иако ние самите не можеме ништо да сториме да го промениме своето срце, или пак себеси да се доведеме во склад со Бога, иако не смееме да се потпираме на себеси или на своите добри дела, нашиот живот ќе покаже дали Божјата благодат пребива во нас. Ќе се види промена во карактерот, навиките и стремежите. Ќе се види јасна разлика меѓу она што тие биле и она што се сега… Вистина е дека луѓето можат наизглед беспрекорно да се однесуваат и без Христовата обновувачка сила. Желбата за влијателност во општеството и за почит од другите може да го поттикне некого да живее уреден живот. Самопочитувањето може да нè натера привидно да се чуваме од злото. И себичното срце може да прави великодушни дела. На кој начин тогаш можеме да заклучиме на чија страна сме? Кому му припаѓа нашето срце? Кому му се посветени нашите мисли?“

Извор: Патот кон Христа, стр. 57, 58.

Сподели го ова:

Поврзани статии