Одење со Христос

Сподели го ова:

4. ОДЕЊЕ СО ХРИСТА

Среда, 5 август 2026

а. Какво однесување се очекува од верникот?

Колосјаните 2:6.

„Сега кога сте му се предале на Исус, не повлекувајте се, не заминувајте од Него, туку од ден на ден говорете: ’Јас сум Христов; јас му се предадов Нему!’ Молете Го да ви го подари својот Дух и да ве поддржува со Својата благодат. И како што сте станале Негово дете, предавајќи се себеси на Бога и верувајќи во Него, така и треба да живеете во Него. Апостолот вели: ’Како што го примивте Господа Исуса Христа, онака и живејте во Него!’ (Колосјаните 2:6). Некои се чини како да мислат дека мораат да бидат ставени на проба, дека мораат да му докажат на Господа дека се измениле пред да можат да го побараат Неговиот благослов. Но Божјиот благослов тие можат да го бараат и сега. Ним им е потребна Неговата благодат, Христовиот Дух, да им помогне во нивните слабости или не ќе можат да му се спротивстават на злото. На Исус му е мило да дојдеме кај Него онакви какви што сме, грешни, беспомошни, зависни. Можеме да дојдеме со сите свои слабости, свои лудости, со својата грешност и покајнички да паднеме пред Неговите нозе! Нему му е мило да нè земе во прегратките на Својата љубов, да ги завитка нашите рани, да нè очисти од секоја нечистотија.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 52.

б. Какво решение обезбедил Бог за грешките што ги правиме во процесот на учење?

1 Јованово 2:1,2.

„Отфрлете го сомневањето дека Божјите ветувања се однесуваат и на вас! Тие му се упатени на секој грешник кој се кае. Христос дава сила и благодат што ангелите во службата им ги пренесуваат на секоја душа која верува. Никој не е толку грешен за да не може да најде сила, чистота и праведност во Христа кој умрел за него. Тој чека да му ја соблече облеката извалкана и оскверната со грев и да го облече во бела облека на праведност; Тој го повикува да живее, а не да умре.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 52.

в. Објаснете на кој начин добиваме сила на овој пат. 1 Јованово 1:7; Галатјаните 5:16, 17, 25.

„Оние кои одат по патиштата на мудроста се радуваат дури и во неволја, оти Оној кого нивната душа го љуби, иако невидлив, оди покрај нив. При секој чекор нагоре тие сѐ повеќе го чувствуваат допирот на Неговата рака, при секој чекор нивната патека ја осветлуваат сè посветлите зраци на славата на Невидливиот и нивните песни на благодарност се слушаат сè погоре придружувајќи и се на песната на ангелите пред Божјиот престол.“

Извор: Мисли од Гората на блаженствата, стр. 140.

Сподели го ова:

Поврзани статии