3. ПРИФАТЕНИ ВО ЉУБЕНИОТ
Вторник, 4 август 2026
а. Кога ќе Го прифатиме Исуса како Спасител, што се случува со нашите поранешни гревови?
Римјаните 3:24,25; 5:1,9,10.
„Исус вели: ’Сè што барате во својата молитва верувајте дека го примивте и ќе ви биде’ (Марко 11:24). Со ова ветување е поврзан и услов – да се молиме во согласност со Божјата волја. Меѓутоа, токму Божја волја е да нè исчисти од гревот, да нè направи Свои деца, и да нè оспособи да живееме свет живот. Така ние можеме да се молиме за тие благослови, да веруваме дека ги примаме и да му заблагодариме на Бога што сме ги примиле. Наша привилегија е што одиме кај Исус да се исчистиме и да стоиме пред Законот без срам или грижа на совеста.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 51, 52.
б. Каков е положајот на верникот пред Бога?
„Иако животот на еден христијанин се одликува со понизност, не би требало кај него да се види тага и самопотценување. Сите ние имаме предност да живееме таков живот, кој Бог може да го одобри и благослови. Нашиот небесен Отец не сака секогаш да се чувствуваме така како да сме во темнина или под некоја осуда. Не е доказ за вистинска понизност ако одиме со наведната глава, а срцето ни е исполнето со мисли за себе. Можеме да дојдеме кај Исуса и да бидеме очистени, и да застанеме без срам и грижа на совест пред Законот.“
Извор: Големата борба, стр. 477.
„Кога Бог го оправдува грешникот, му ја простува казната што ја заслужил и постапува со него како никогаш да не згрешил. Го прима во божествена наклоност и го оправдува преку заслугите на Христовата праведност. Грешникот може да биде оправдан само преку вера во помирувањето што го извршил Божјиот возљубен Син, Кој станал жртва за гревовите на виновниот свет.“
Извор: Selected Messages, bk. 2, pp. 32, 33.
в. Каква промена треба да препознаат сите што влегле во овој заветен однос со Бога?
1 Петрово 1:18,19; 1 Коринтјаните 6:19,20; Галатјаните 3:26.
„Затоа не сте свои; купени сте скапо. ’Вие не сте откупени со пропадливо сребро и злато … туку со скапоцената крв на Христа како невино и пречисто Јагне’ (1 Петрово 1,18,19). Со овој едноставен чин, верувајќи му на Бога, Светиот Дух зачнал нов живот во вашето срце. Вие како дете сте се родиле во Божјото семејство и Тој ве сака, како што го сака Својот Син.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 52.
