3. ПОТРЕБАТА ОД СПАСИТЕЛ
Вторник, 7 јули 2026
а. Што треба да разбереме за човечкото срце?
Псалм 14:1-3; Римјаните 3:9-11.
„Божјото слово објавува: „Сите згрешија и лишени се од славата Божја“ (Римјаните 3:23). „Нема кој да прави добро, нема ниту еден“ (Римјаните 3:12). Многумина се измамени во врска со состојбата на своето срце. Не сфаќаат дека природното срце е измамливо повеќе од сè и очајно расипано. Се облекуваат во својата сопствена праведност и се задоволуваат кога ќе го достигнат сопственото човечко мерило на карактерот; но колку страшно пропаѓаат кога не го достигнуваат божественото мерило, бидејќи сами по себе не можат да ги исполнат Божјите барања.“
Извор: Selected Messages, bk. 1, p. 320.
б. Зошто ние, како човечки суштества, не можеме да го разбереме духовниот свет и да го видиме Божјото царство?
1 Коринтјаните 2:14; 2 Коринтјаните 4:4.
„Спасителот рекол: ’Ако некој не се роди одозгора’, ако не прими ново срце, нови желби, нови намери и побуди што водат во нов живот, ’не може да го види царството Божјо’ (Јован 3:3). Идејата дека е доволно да се развива само доброто што по природа постои кај човекот, е опасна измама. ’Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита’. ’Не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора’ (1 Коринтјаните 2:14; Јован 3:7). За Христа е напишано: ’Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето,’ – единственото ’име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме’“ (Јован 1:4; Дела 4:12).“
Извор: Патот кон Христа, стр. 18.
в. Иако не можеме самите да се спасиме, што можеме да направиме?
„Бог се открил во Христа и „го измири светот со Себе” (2 Коринтјаните 5:19). Гревот толку го понижил човекот, што тој сам во никој случај не можел да се помири и да се усогласи со Оној чијашто природа е само чистота и добрина. Меѓутоа, Христос, ослободувајќи ги луѓето од законската клетва, можел да им подари божествена сила за да ја здружат со своите човечки напори. Така, со покајание пред Бога и со вера во Христа, паднатите Адамови потомци повторно можеле да станат „чеда Божји” (1 Јованово 3:2).“
Извор: Патријарси и пророци, стр. 64.
