Бегство од божјото присуство

Сподели го ова:

2. БЕГСТВО ОД БОЖЈОТО ПРИСУСТВО

Понеделник, 6 јули 2026

а. Како реагирале Адам и Ева по својот грев кога го слушнале Божјиот глас?

Создавање 3:8-10.

б. Зошто грешните човечки суштества не можат да опстанат во присуството на Бесконечниот?

Излез 33:20; Второзаконие 4:23, 24.

„Во својата безгрешна состојба, човекот одржувал радосна врска со Оној „во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето“ (Колосјаните 2:3). Но, по сторениот грев, светоста не му причинувала повеќе радост, и тој се обидел да се скрие од Божјото присуство. Непрепороденото срце и сега се наоѓа во таква состојба. Тоа не е во хармонија со Бога, ниту пак наоѓа радост во заедницата со Него. Грешникот не би можел да биде среќен во Божјо присуство; нему друштвото на светите суштества би му било непријатно. И кога би му било дозволено да дојде на Небо, тоа не би му пружило никаква радост. Духот на несебичната љубов што владее таму – секое срце соединето со срцето на бескрајната Љубов – не би нашол одглас во неговата душа. Неговите мисли, неговите интереси, неговите побуди, би биле во расчекор со она што ги раздвижува безгрешните небесни жители. Тој би бил нескладна нота во небесната мелодија. За него небото би било место на мачење; тој би копнеел да се сокрие од Оној кој е светлина и центар на радоста на небото. Бог не одлучил самоволно да ги исклучи грешните од небото; тие сами се исклучуваат со својата непогодност за небесната заедница. Божјата слава за нив би била оган, кој спалува.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 17.

в. Зошто е невозможно човекот сам да се спаси од казната за гревот?

Јов 14:4; Римјаните 8:7, 8; Исаија 64:6.

„Ние не можеме сами да се избавиме од понорот на гревот во кој сме паднале. Нашите срца се зли и ние не можеме да ги промениме. ’Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој!’ (Јов 14:4)… Образованието, културата, користењето на волјата, човечките напори, сето тоа има своја сфера на делување, но тука тие се беспомошни. Можеби со тоа може да се постигне надворешна коректност во однесувањето, но не може да се промени срцето; не можат да се исчистат изворите на животот. Мора да постои сила која делува одвнатре, нов живот одозгора, за да може човекот да се промени, да го остави гревот и да стане свет. Таа сила е Христос. Само Неговата благодат може да ги оживее замрените способности на душата и да ја привлече кон Бога, кон светоста.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 18.

Сподели го ова:

Поврзани статии