19 декември — Неспоредлива музика

Мараната — Господ доаѓа

Неспоредлива музика

19 декември

„Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе си заминат.“ (Исаија 35:10) {МАР 361.1}

„Таму ќе има музика, и песна, таква музика и таква песна какви освен во виденијата дадени од Бога, ниту едно смртно уво не слушнало ниту умот замислил. {МАР 361.2}

’Оние што пеат се радуваат‘ (Псалм 87:7). ’Тие ќе го кренат гласот свој, ќе ликуваат во величието на Господ‘ (Исаија 24:14).

’Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пустините негови како рај и степите негови – како градина Господова; радост и веселба ќе има во него, славопои и пеење на песни‘ (Исаија 51:3).“ (Воспитување, стр. 307) {МАР 361.3}

„Бог ми го покажа редот и совршениот поредок на небото. Додека ја слушав совршената музика на ангелите, бев многу восхитена. Кога ја снема визијата, нашето пеење овде ми звучеше многу неизедначено и нескладно. Видов мноштво ангели како по групи се распоредуваат во затворен правоаголник. Секој во раката имаше златна харфа, со посебна направа за подесување на самиот инструмент и за промена на тоновите. Со своите прсти тие не поминуваа по инструментот како ќе им текнеше, туку со вешт допир на одредени жици произведуваа различни звуци. Ангелот што предводи во музиката секогаш прв ја зема харфата и го дава основниот тон, а потоа и сите останати му се придружуваат во беспрекорната изведба на милозвучни и совршено складни небесни мелодии. Таа музика не може да се опише со човечки зборови. Таа е небесно-божествена по своето потекло и делува толку мило и благотворно што на секое лице засветлува Исусовиот лик, блескајќи со неискажлива слава.“ (1. Сведоштво, стр. 146) {МАР 361.4}

„Каква ќе биде таа песна кога ќе се сретнат Господовите откупени …! Целото Небо е исполнето со прекрасна музика и песни на пофалба на Јагнето. Спасени, засекогаш спасени во царството на славата! Животот што по своето бесконечно траење може да се мери со Божјиот живот ќе биде нивна награда.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 982) {МАР 361.5}

„Јазикот е целосно премногу слаб во обид да се опише небото. Кога сцената се подигнуваше пред мене, јас се изгубив во воодушевување. Однесена со ненадминливиот сјај и извонредната слава, јас го спуштив своето перо и воскликнав: ’Ох, каква љубов! Каква прекрасна љубов!‘ Највозвишениот јазик не може да ја опише славата на небото и љубовта на Спасителот која со ништо не може да се спореди.“ (Рани списи, стр. 288,289) {МАР 361.6}