18 декември — Дејности на новата Земја

Мараната — Господ доаѓа
Дејности на новата Земја
18 декември
„Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои.“ (Исаија 65:21,22) {МАР 360.1}
„Не можеме да си замислуваме дека, кога конечно ќе победиме и ќе ги добиеме домовите приготвени за нас, времето ќе го поминуваме во безделничење и блажено одморање, не правејќи ништо.“ (Review and Herald, 17. мај 1898.) {МАР 360.2}
„Искупените на обновената земја ќе се занимаваат со разни работи и ќе ги уживаат задоволствата коишто на почетокот ги имале Адам и Ева. Ќе се живее Едемскиот живот, живот во градините и полињата. ’Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои‘. (Исаија 65:21,22).“ (Пророци и цареви, стр. 730,731) {МАР 360.3}
„Таму, јас видов највеличествени куќи, кои изгледаа како да се од сребро, потпрени врз четири столбови украсени со бисери највеличествени по изглед. Во нив треба да се вселат светиите. Секоја куќа има по една златна полица. Потоа видов како мнозина од светиите влегуваат во куќите, ги симнуваат своите блескави круни, ги ставаат врз полиците а потоа заминуваат во полето, веднаш во непосредна близина до куќата да ја работат земјата; но не вака како ние овде што мораме да работиме; не, не. Славна светлина блеска околу нивните глави и тие непрестајно воскликнуваат славејќи го Бога.“ (Рани списи, стр. 18) {МАР 360.4}
„Секоја дарба ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Учењето нема да го заморува умот ниту да ја исцрпува енергијата. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се постигнат највисоките стремежи, да се исполнат најпосакуваните желби, и сè уште ќе постојат нови цели да се постигнат, нови чуда за восхитување, нови вистини за разбирање, нови предмети да ги поттикнат на развој силите на умот, душата и телото.“ (Големата борба, стр. 677) {МАР 360.5}
