16 октомври — Природата на последната битка

Мараната — Господ доаѓа

Природата на последната битка

16 октомври

„Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој, зашто тоа е дело на Господ Седржителот во земјата халдејска.“ (Еремија 50:25) {МАР 297.1}

„Бог по своја волја ги повикува сите сили на природата да ја поразат и да ја уништат моќта на неговите непријатели: ’огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово‘ (Псалм 148:8). Кога незнабожечките Аморејци се подигнале да ги спречат Божјите намери, Тој интервенирал, фрлајќи озгора ’големи камења‘ врз непријателите на Израел. За големата битка што ќе се одигра во последните сцени на светската историја, пророкот кажува: ’Господ ја отвори ризницата Своја и оттаму го зеде оружјето на гневот Свој‘ (Еремија 50:25). ’Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот, што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна?‘ (Јов 38:22,23). {МАР 297.2}

Опишувајќи го уништувањето што ќе уследи кога ќе одекне ’силен глас кој извика: ‘Се сврши’‘, писателот на Откровението кажува: ’И град, голем како талант, падна од небото на луѓето‘ (Откровение 16:17,21).“ (Патријарси и пророци, стр. 509) {МАР 297.3}

„Во последните сцени од историјата на оваа земја ќе беснее војна.“ (Review and Herald, 19. октомври 1897.) {МАР 297.4}

„Силите на злото нема да се откажат без борба. Но Провидението има своја улога во армагедонската битка.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 983) {МАР 297.5}

„Заповедникот на Господовата војска ќе стои на чело на небесните ангели за да раководи со битката.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 982) {МАР 297.6}

„Оној на чија облека е напишано името Цар над царевите и Господар над господарите ги води небесните војски на бели коњи. Тие се облечени во ленени облеки, чисти и бели.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 982) {МАР 297.7}

„Кога повторно ќе дојде на Земјата, Тој ќе ја потресе ’не само Земјата, туку и небото‘. ’Земјата се ниша како пијана и се лула како лулка‘. ’небото ќе се свитка како книжен свиток‘; ’стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори‘. Но, ’Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израелови‘. (Евреите 12:26; Исаија 24:20; 34:4; 2 Петрово 3:10; Јоил 4:16)“ (Копнежот на вековите, стр. 780) {МАР 297.8}