10 октомври — Христовата појава при Неговото второ доаѓање

Мараната — Господ доаѓа

Христовата појава при Неговото второ доаѓање

10 октомври

„А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос. Тој ќе го преобрази нашето понизено тело да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчинува под Себе сѐ.“ (Филипјаните 3:20,21) {МАР 291.1}

„Христос се вознел на небото во човечки облик. Учениците виделе облак кој Го прифатил. Оној Исус, Кој некогаш пешачел, разговарал и се молел со нив, Кој го кршел лебот, седел заедно со нив во нивниот чамец на езерото и Кој со нив тој ден напорно се искачувал на Маслиновата гора — тој Исус, сега заминал да го дели престолот на Својот Татко. Ангелите им дале уверување дека токму тој Исус, Кого Го виделе како заминува на небо, повторно ќе дојде на истиот начин како што заминал.“ (Копнежот на вековите, стр. 832) {МАР 291.2}

„Славата на Христовата човечка природа не се гледала додека Тој бил на земјата. … Сега се појавува во истата човечка природа кога се враќа од небото, облечен во слава, како победник, возвишен.“ (In Heavenly Places, стр. 358) {МАР 291.3}

„Христос ќе дојде во Својата слава, во славата на Својот Отец и во славата на светите ангели. Десет илјади по десет илјади и илјадници илјади ангели, прекрасни, победоносни Божји синови со ненадминлива убавина и слава, ќе Го придружуваат на Неговиот пат. Наместо трнов венец, ќе носи круна на слава — круна во круна. Наместо некогашната пурпурна облека, ќе биде облечен во најбела облека, ’какви што белило на земјата не може да избели‘ (Марко 9,3). На Неговата облека и на бедрото ќе биде напишано името: ’Цар над царевите и Господар над господарите‘ (Откровение 19,16).“ (Our High Calling, стр. 367) {МАР 291.4}

„Сето небо ќе биде испразнето од ангели, додека светиите кои го очекуваа, ќе гледаат во небото кон Него како некогаш луѓето од Галилеја, кога Тој од Маслиновата Гора се вознел на небото. Тогаш само оние коишто се свети, коишто целосно го следеле кроткиот Пример, радосно и одушевено ќе воскликнат гледајќи Го: ’Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси!‘ И тие ќе се преобразат ’одеднаш, за еден миг на око, на последната труба‘ која ќе ги разбуди заспаните светии и ќе ги повика да станат од своите постели од земниот прав. Тие излегуваат облечени во славна бесмртност и воскликнуваат: ’Победа! Победа над смртта и гробот!‘“ (Рани списи, стр. 110) {МАР 291.5}