9 октомври — Во јами и пештери

Мараната — Господ доаѓа

Во јами и пештери

9 октомври

„И ќе влезат луѓето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господ и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Тој да ја потресе земјата.“ (Исаија 2:19) {МАР 290.1}

„Оние што биле скриени се распрснале поради човечкото непријателство кон Господовиот закон. Биле угнетувани од сите земни сили. Биле расеани по земните јами и пештери додека траело насилството на нивните противници, затоа што биле верни и послушни на Господовите закони. Но избавувањето на Божјиот народ доаѓа од Бога. На Своите непријатели Бог ќе им се покаже како Бог на правдата и казната. … {МАР 290.2}

Од земните јами и пештери, од своите тајни и скриени прибежишта, Божјиот народ е повикан да излезе како Негов вистински и верен сведок. {МАР 290.3}

Луѓето што биле смели во својот бунт ќе го исполнат описот во Откровение 6,15-17. Во овие пештери и јами ќе ја сфатат вистината дека писмата и записите сведочат токму против нив. Пастирите што ги воделе овците по лажни патеки ќе ги чујат обвиненијата упатени против нив: ’Вие ја омаловажувавте светлината на вистината. Ни рековте дека Божјите закони се укинати и дека се ропски јарем. Ни објавувавте лажни учења кога бевме убедени дека овие адвентисти на седмиот ден ја имаат вистината. Крвта на нашите души е на вашите свештенички облеки. … Па сега, ќе го платите ли откупот за нашите души? … Што да правиме ние што го слушавме вашето искривено толкување на Светото писмо и вашето извртување на вистината, која, кога би ја послушале, ќе нè спасеше?‘ {МАР 290.4}

Кога Христос ќе дојде да им се одмазди на оние што ги поучувале и подготвувале луѓето да ја газат Божјата сабота, да го отфрлат споменот за Него и со нозете да ја газат храната од Неговите пасишта, плачот ќе биде напразен. Оние што им верувале на лажните пастири можеле да го истражуваат Божјото слово и да откријат дека Бог ќе му суди на секој човек што ја знаел вистината, но се одвратил од светлината затоа што таа барала самооткажување и крст. Карпите и планините не можат да ги заштитат од гневот на Оној што седи на престолот и од гневот на Јагнето.“ (Letter 86, 1900) {МАР 290.5}