5 октомври — Божјиот закон се појавува на небото

Мараната — Господ доаѓа
Божјиот закон се појавува на небото
5 октомври
„И небесата ќе ја огласат Неговата праведност, зашто Бог е судија.“ (Псалми 50:6) {МАР 286.1}
„Додека овие зборови на света доверба се издигнуваат кон Бога, облаците се разидуваат и се покажува ѕвезденото небо со неопислива убавина во спротивност со мрачниот и гневен свод на двете страни. Низ полуотворената врата блеска славата на небесниот град.“ (Големата борба, стр. 639) {МАР 286.2}
„Во храмот ќе се види ковчегот на заветот со двете камени плочи на кои е испишан Божјиот закон. Тие две камени плочи ќе бидат изнесени од своето тајно скривалиште и на нив ќе се видат Десетте заповеди напишани со Божјиот прст. Овие камени плочи, кои сега лежат во ковчегот на заветот, ќе бидат убедливо сведоштво во прилог на вистината и обврзноста на сите барања на Божјиот закон.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 972) {МАР 286.3}
„Луѓето со богохулни мисли и срца сметале дека се доволно силни да ги изменат Господовите времиња и закони, но безбеден во небесните архиви, во Божјиот ковчег, се наоѓа оригиналот на Божјите заповеди испишан на две камени плочи. Нема таков силник на земјата што би можел да ги земе тие плочи од нивното свето скривалиште, под престолот на милоста.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 972) {МАР 286.4}
„Тогаш на небото се појавува рака која држи две камени плочи составени заедно. Пророкот кажува: ’И небесата ќе ја огласат Неговата праведност, зашто Бог е судија‘ (Псалм 50:6). Овој свет Закон, Божјата правда, кој е објавен на Синај среде грмотевици и пламен за да биде водич во животот, сега на луѓето им се открива како мерило на суд. Раката ги отвора плочите и се гледаат прописите на Десетте заповеди, како да се напишани со пламено перо. Зборовите се толку јасни, што секој може да ги прочита. Се буди сеќавањето, од секое срце исчезнува мракот на суеверието и ересот, а десетте кратки, разбирливи и авторитативни Божји зборови јасно им се предочени на сите жители на земјата. {МАР 286.5}
Невозможно е да се опише ужасот и очајот на оние што ги газеле светите Божји прописи. … {МАР 286.6}
Непријателите на Божјиот закон, од проповедниците па сè до најмалиот меѓу нив, сега имаат нова концепција за вистината и должноста. Премногу доцна увидуваат дека саботата од четвртата заповед е печат на живиот Бог.“ (Големата борба, стр. 639,640) {МАР 286.7}
