6 октомври — Објавени се денот и часот на Христовото доаѓање

Мараната — Господ доаѓа
Објавени се денот и часот на Христовото доаѓање
6 октомври
„А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец;“ (Матеј 24:36) {МАР 287.1}
„Од небото се слуша Божјиот глас, како го објавува денот и часот на Исусовото доаѓање и го прогласува вечниот завет со Својот народ. Како тресок од најгласна грмотевица, Неговите зборови се шират низ земјата.“ (Големата борба, стр. 640) {МАР 287.2}
„Тој изговараше реченица по реченица, а потоа запираше додека зборовите се разнесуваа низ земјата. Божјиот Израел стоеше со своите очи насочени нагоре, слушајќи ги зборовите коишто дојдоа од устата на Јехова и се тркалаа низ земјата како удари од најгласен гром. Беше страотно свечено. На крајот на секоја реченица светиите извикуваа: ’Слава! Алелуја!‘“ (Рани списи, стр. 285,286) {МАР 287.3}
„Живите светии, 144.000 на број, го познаа и го разбраа гласот, додека злите мислеа дека тоа беше грмотевица и земјотрес.“ (Рани списи, стр. 15) {МАР 287.4}
„Божјиот Израел стои и слуша со очи насочени нагоре. Нивните лица се осветлени со Неговата слава и блескаат како лицето на Мојсеј кога слегувал од Синај. Грешниците не можат да гледаат во нив. И кога ќе биде изречен благослов над оние кои го почитувале Бога држејќи ја Неговата света сабота, се слуша силен извик на победа.“ (Големата борба, стр. 640) {МАР 287.5}
„Тогаш започнува славењето, зашто земјата треба да се одмори.“ (Рани списи, стр. 35) {МАР 287.6}
„Величествена светлина ги осветлуваше нивните лица. Колку убаво сега тие изгледаа! Секоја црта на грижа и умореност исчезна и здравје и убавина беа видени на секое лице. Нивните непријатели, незнабошците насекаде околу нив паѓаат како мртви, затоа што не можеа да опстојат пред светлината која светлеше врз избавените светии. Оваа светлина и слава останува на нив сè додека Исус не се појави на облаците небесни.“ (Рани списи, стр. 272,273) {МАР 287.7}
„Видов како пламенен облак доаѓа до местото каде што стоеше Исус. Потоа Исус … го зазеде Своето место на облакот, кој Го понесе кон исток, каде што првпат им се покажа на светиите на земјата — мал, црн облак што беше знак на Синот Човечки. Додека облакот патуваше од светињата над светињите кон исток, што траеше со денови, сатанската синагога се поклонуваше пред нозете на светиите.“ (To the Little Remnant Scattered Abroad (леток), 6. април 1846.) {МАР 287.8}
