18 септември — Осудени на смрт

Мараната — Господ доаѓа

Осудени на смрт

18 септември

„И беа испратени писма преку брзоодци до сите царски области за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, од најголем до најмал, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, месец адар, и имотот нивен да биде разграбен.“ (Естира 3:13) {МАР 269.1}

„Декретот што ќе биде прогласен против Божјиот народ на остатокот ќе биде сличен на прогласот што Ахасвер го издал против Евреите.“ (Пророци и цареви, стр. 605) {МАР 269.2}

„Кога оние што ги почитуваат Божјите заповеди ќе бидат лишени од заштитата на човечките закони, тогаш во разни земји истовремено ќе се појави движење за нивно уништување. Кога ќе наближи времето одредено во декретот, луѓето ќе направат заговор да ја истребат оваа омразена секта. Ќе решат во една ноќ да извршат одлучувачки удар кој засекогаш ќе го замолкне гласот на несогласување и прекор.“ (Големата борба, стр. 635) {МАР 269.3}

„Од нив, со општ декрет и закана со смртна казна, ќе се бара наместо саботата од четвртата заповед да го празнуваат првиот ден; но тие нема да се согласат со почитување на институцијата на папството да ја погазат Господовата сабота. Војските на сатанските ангели и безбожните луѓе ќе ги опколат од сите страни и ќе ликуваат над нив, бидејќи ќе изгледа дека се наоѓаат во потполно безизлезна положба.“ (1. Сведоштво, стр. 353,354) {МАР 269.4}

„Кога ќе настапи тоа време на неволи, секој случај ќе биде решен и нема повеќе да има време на проба ниту милост за тој што не сака да се покае. Печатот на живиот Бог ќе биде на Неговиот народ. Тој мал остаток, немоќен сам да се брани во смртниот судир со силите на земјата кои ги предводи змевот, ќе Го земе Бога во своја одбрана. Декретот издаден од највисоките земски власти од нив ќе бара, под закана на прогонства и смрт, да му се поклонат на ѕверот и да го примат неговиот белег.“ (5. Сведоштво, стр. 213) {МАР 269.5}

„Наскоро видов како светиите ги обзема голема душевна болка. Изгледаше како тие да се опкружени со злите жители на земјата. Сите нешта беа против нив. Некои почнаа да се плашат дека можеби Бог ги оставил за да загинат од рацете на злите. … {МАР 269.6}

Тоа беше час на ужасна, силна агонија за светиите. Тие викаа ден и ноќ кон Бога за избавување. Според надворешноста не постоеше можност за излез. Злите веќе почнуваа да триумфираат, извикувајќи: ’Зошто вашиот Бог не ве избави од нашите раце? Зошто не се вознесете и не си ги спасите своите животи‘. Меѓутоа светиите не им обрнаа внимание.“ (Рани списи, стр. 283) {МАР 269.7}