19 септември — Ангелска заштита во времето на неволјата

Мараната — Господ доаѓа

Ангелска заштита во времето на неволјата

19 септември

„Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;“ (Исаија 26:20) {МАР 270.1}

„Во денот на тешкото искушение Христос ќе рече: ’Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот‘. Какви се тие соби во кои треба да се скријат? Тие ја претставуваат Христовата заштита и заштитата на светите ангели. Божјиот народ во тоа време не е собран на едно место. Се наоѓа во разни групи, во сите делови на светот.“ (Historical Sketches of the Foreign Missions of the Seventh-day Adventists, стр. 158) {МАР 270.2}

„Јас видов како светиите ги напуштаат градовите и селата, групирајќи се и живеејќи во најосамени места. Ангелите ги снабдуваат со храна и вода, додека злите страдаа од глад и жед.“ (Рани списи, стр. 282) {МАР 270.3}

„Во текот на ноќта ми беше прикажана мошне впечатлива сцена. Изгледаше како да има голема збрка и судири меѓу војски. Господов весник застана пред мене и ми рече: ’Повикај ги своите домашни. Јас ќе те водам; следи ме‘. Ме водеше по темна патека, најпрвин низ шума, а потоа низ планински премини и рече: ’Тука си безбедна‘. Таму имаше и други што беа доведени во ова прибежиште. Небесниот весник рече: ’Времето на неволјата дојде како крадец во ноќта, како што ве предупреди Господ‘.“ (Manuscript 153, 1905) {МАР 270.4}

„Во времето на неволјата, непосредно пред второто Христово доаѓање, праведниците ќе бидат сочувани благодарение единствено на заштитата на небесните ангели, но за престапниците на Божјиот закон нема да има сигурност. Тогаш ангелите не ќе можат да ги штитат оние што занемариле макар една од Божјите заповеди.“ (Патријарси и пророци, стр. 256) {МАР 270.5}

„Како и во времето на Седрах, Мисах и Авденаго, Господ во последните денови на историјата на оваа земја силно ќе работи за спасение на оние коишто непоколебливо стојат на страната на правичноста. … За време на неволјите — неволји какви што немало откако постојат народите — Неговите избраници ќе останат постојани. Сатаната со целата војска на злото не може да го уништи ни најслабиот од Божјите светии. Нив ги штитат ангели непобедливи по сила, и заради нив Господ ќе се открие како ’Бог над боговите‘, кој може да ги спаси целосно оние кои се надеваат на Него.“ (Пророци и цареви, стр. 513) {МАР 270.6}