26 август — Саботата е Божји знак

Мараната — Господ доаѓа

Саботата е Божји знак

26 август

„Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.“ (Езекиел 20:20) {МАР 246.1}

„Израелците, за да покажат дека Му припаѓаат на Господа, ставале знак од крв на своите довратници. Така и Божјите деца во овој век, усогласувајќи го својот живот со Божјиот свет закон, ќе го носат знакот што Самиот Бог го одредил. Знакот што се става на секој поединец од Божјиот народ, како и знакот што бил ставан на довратниците на еврејските куќи, треба да ги заштити луѓето од општото уништување. Бог објавува: ’Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги осветува‘.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 246.2}

„Секоја душа во нашиот свет е Божја сопственост преку создавањето и преку откупувањето. Секој поединец е искушуван и испитуван во овој живот. Дали Му го дал на Бога она што со право Му припаѓа? Дали Му предал сè што е Негово како откупена сопственост? Оние на кои Господ им е сè во животот ќе ѝ се потчинат на Неговата власт и ќе го примат Божјиот знак или печат, по кој ќе се види дека се Негова посебна сопственост. Христовата праведност ќе оди пред нив и Господовата слава ќе им биде задна стража. Господ го штити секое човечко суштество што го носи Неговиот печат. {МАР 246.3}

’И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: ‘Кажи им на синовите на Израил така: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува. Пазете ја саботата, бидејќи таа е света за вас. … Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ: секој, кој ќе работи во саботен ден, нека се предаде на смрт. Затоа синовите израилски нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои како вечен завет. Тоа е знак меѓу Мене и синовите на Израил довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори.’‘ {МАР 246.4}

Ова Божјо признавање има најголема вредност за секое човечко суштество. Сите што Го љубат и Му служат се многу драгоцени во Неговите очи. Тој сака да ги постави таму каде што ќе бидат достојни претставници на вистината каква што е во Исуса.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 969) {МАР 246.5}