16 јуни — Времето на неволјата е непосредно пред нас

Мараната — Господ доаѓа
Времето на неволјата е непосредно пред нас
16 јуни
„Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.“ (Откровение 7:1) {МАР 175.1}
„Четири силни ангели сè уште ги држат четирите земни ветрови. Спречуваат страшното уништување да се изврши во целост. Ветровите ќе ги разбрануваат народите да тргнат во смртоносна битка, додека ангелите ги задржуваат четирите ветрови и не дозволуваат страшната сатанска сила да се нафрли со сета жестокост сè додека Божјите слуги не бидат запечатени на своите чела.“ (Review and Herald, 7 јуни 1887) {МАР 175.2}
„Знаците на времето сведочат дека небесниот суд се излева и дека Господовиот ден е близу. Дневните весници се полни со претчувства за жестоки судири во иднина. Дрски грабежи се случуваат често. Штрајковите се вообичаена појава. Кражби и убиства се случуваат на секој чекор. Луѓе опседнати со демони им го одземаат животот на мажи, жени и мали деца. Сето тоа сведочи дека Господовото доаѓање е близу. {МАР 175.3}
Божјиот Дух, Кој го задржува злото, веќе се повлекува од овој свет. Урагани, бури, виори, несреќи на морето и на копното следуваат едни по други со голема брзина. Знаците што се натрупуваат околу нас, зборувајќи за приближувањето на Божјиот Син, се припишуваат на сè друго освен на вистинската причина. … {МАР 175.4}
Непосредно пред нас е времето кога со светот ќе завладее тага што никаков човечки мелем нема да може да ја излекува. Уште пред големото уништување што доаѓа врз светот, горделивите споменици на човечката величина ќе бидат здробени во прав и пепел. Божјите одмазднички судови ќе се излеат врз оние што, и покрај големата светлина со која се соочиле, продолжиле да живеат во грев. Се подигаат скапи градби за кои се претпоставува дека се отпорни на пожар. Но како што Содом бил уништен во пламенот на Божјата одмазда, така и овие горделиви градби ќе се претворат во пепел. Видов бродови со огромна вредност како се борат со моќниот океан, обидувајќи се да им се спротивстават на разбеснетите бранови. Меѓутоа, со сите свои ризници полни со злато и сребро и со сите луѓе на нив потонаа во водениот гроб. … Но во сета таа вознемиреност, возбуда и збунетост насекаде, Божјото дело треба да се изврши во светот.“ (Signs of the Times, 9 октомври 1901) {МАР 175.5}
