12 јуни — Втората ангелска вест треба да се повтори

Мараната — Господ доаѓа

Втората ангелска вест треба да се повтори

12 јуни

„И друг ангел се појави по него, велејќи: ’Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!‘“ (Откровение 14:8) {МАР 171.1}

„Втората ангелска вест од Откровение 14. глава првпат се проповедаше летото во 1844. година и истата се однесуваше особено на црквите во Соединетите Држави каде што опомената за судот најмногу се објавуваше и главно беше отфрлена и каде што опаѓањето на црквата беше најбрзо. Но, веста на вториот ангел не се исполни целосно во 1844. година. Тогаш црквите што се противеа да ја прифатат светлината на адвентната вест доживеаја морален пад, но сепак, тој пад не беше целосен. Бидејќи тие продолжија да ги отфрлаат посебните вистини одредени за тоа време, паѓаа сѐ подлабоко. Сепак, уште не можеше да се каже: ’Падна Вавилон… зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство‘. Вавилон уште не ги опил сите народи.“ (Големата борба, стр. 389) {МАР 171.2}

„Но Бог сè уште има Свој народ во Вавилон и пред Вавилон да биде казнет со Божјите судови, верните треба да бидат повикани да излезат од него ’за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини‘.“ (Големата борба, стр. 604) {МАР 171.3}

„Оваа порака е истоветна со пораката што ја објавил вториот ангел: ’Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство‘. Што е, всушност, тоа вино? Неговото лажно учење. Вавилон му дал на светот лажна сабота наместо саботата од четвртата заповед и ја повторил лагата што сатаната првпат ѝ ја кажал на Ева во Едем за вродената бесмртност на душата. Надалеку и нашироко проширил многу слични заблуди, ’проповеда човечки повелби‘. … {МАР 171.4}

Во последната опомена на светот им се упатуваат два различни повика на црквите. Пораката на вториот ангел гласи: ’Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство‘. А во гласниот вик на третиот ангел од небото се слуша глас: ’Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини‘.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 985) {МАР 171.5}