11 јуни — Саботата се објавува во уште поголема мера

Мараната — Господ доаѓа
Саботата се објавува во уште поголема мера
11 јуни
„И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: ’Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!‘“ (Откровение 14:6,7) {МАР 170.1}
„И на почетокот на времето на неволјите ние ќе бидеме исполнети со Светиот Дух за да можеме во уште поголема мерка да ја објавиме саботата.“ (Рани списи, стр. 33) {МАР 170.2}
„’Почетокот на времето на неволјите,‘ кое тука се споменува, не се однесува на времето кога седумте зла ќе почнат да се излеваат, туку на краткиот период непосредно пред тоа, додека Христос сè уште се наоѓа во светињата. Во тоа време, кога делото на спасување ќе се приближи кон крајот, неволјите ќе наидат на земјата и народите ќе се разгневат, но ќе бидат задржани за да не го попречат делото на Третиот ангел. Во тоа време ќе дојде ’позниот дожд‘ или освежувањето од Господовото лице, за да даде сила на гласниот вик на Третиот ангел и да ги подготви светиите да се одржат во периодот на излевање на седумте последни зла.“ (Рани списи, стр. 85, 86) {МАР 170.3}
„Ангелот од Откровение 14 изнесува порака што треба да му биде објавена на светот пред Христос да дојде на небесните облаци. … Непосредно пред тоа време вниманието на луѓето треба да биде насочено кон погазениот Божји закон, кој се чува во ковчегот на заветот. … {МАР 170.4}
Тие гледаат дека наместо да го празнуваат седмиот ден, денот што Бог го посветил и заповедал да се почитува, го празнуваат првиот ден во седмицата. Но искрено сакаат да ја извршуваат Божјата волја и почнуваат да го истражуваат Светото писмо за да ја најдат причината за промената. Бидејќи не успеваат да најдат ниту еден доказ од Светото писмо за тој обичај, се наметнуваат прашањата: Дали ќе ја прифатиме вистината што станала непопуларна и ќе ги послушаме Божјите заповеди, или ќе останеме со светот и ќе ги слушаме човечките заповеди? Со отворени Библии тие плачат, се молат и споредуваат писмо со писмо сè додека, осведочени во вистината, свесно не го заземат своето место меѓу оние што ги почитуваат Божјите заповеди.“ (Signs of the Times, 5 мај 1887) {МАР 170.5}
