7 јуни — Улогата на спиритизмот во измамата

Мараната — Господ доаѓа

Улогата на спиритизмот во измамата

7 јуни

„Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.“ (1 Јованово 4:1) {МАР 166.1}

„Многумина ќе се фатат во стапица верувајќи дека спиритизмот е само обична човечка измама, но кога ќе се соочат со појави кои ќе мораат да ги признаат за натприродни, тие ќе бидат измамени и наведени да ги прифатат како голема Божја сила.“ (Големата борба, стр. 553) {МАР 166.2}

„Кога црквите еднаш ќе го прифатат учењето на спиритизмот, тогаш ќе бидат отстранети бариерите што му биле наметнати на телесното срце, а исповедањето на верата станува само наметка која ќе ги покрива најниските пороци. Верувањето во спиритистичките манифестации ги отвора вратите за ’измамнички духови и злодуховски учења‘ (1. Тимотеј 4:1), и на тој начин во црквите ќе се почувствува влијанието на злите ангели.“ (Големата борба, стр. 603, 604) {МАР 166.3}

„Популарните проповедници не се во состојба успешно да се спротивстават на спиритизмот. Тие немаат ништо со што би можеле да го заштитат своето стадо од неговото разорно влијание. Одговорноста за жалните последици од спиритизмот, во голема мерка е на проповедниците на нашето време, бидејќи ја отфрлиле вистината, а место неа прифатиле човечки измислици.“ (Сведоштва за црквата, том 1, стр. 344) {МАР 166.4}

„Сатаната одамна се подготвува за својот последен напор да го измами светот. Тој поставил темел за својата работа со уверувањето што ѝ го дал на Ева во Едем: ’Не, нема да умрете! Но… оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло‘ (Создавање 3:4,5). Малку по малку го подготвил патот за својата најголема измама во развојот на спиритизмот. Тој сè уште не ги остварил во целост своите намери, но ќе ги оствари во последното време. Пророкот вели: ’И видов… три нечисти духа, како жаби; зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот‘ (Откровение 16:13,14). Со исклучок на оние што ќе ги сочува Божјата сила со вера во Неговото слово, во оваа измама ќе биде вовлечен цел свет. Народот, успиен во кобна сигурност, ќе се разбуди дури тогаш кога врз него ќе почне да се излева Божјиот гнев.“ (Големата борба, стр. 561, 562) {МАР 166.5}