8 јуни — Духовите и прашањето на неделниот закон

Мараната — Господ доаѓа

Духовите и прашањето на неделниот закон

8 јуни

„Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.“ (Исаија 8:20) {МАР 167.1}

„Чудотворната моќ што се манифестира преку спиритизмот, ќе го употреби своето влијание против оние што ќе изберат повеќе да Му се покоруваат на Бога отколку на луѓето. Во своите соопштенија, духовите ќе нагласуваат дека самиот Бог ги испратил да ги осведочат противниците на неделата дека се во заблуда и да потврдат дека земните закони треба да се почитуваат како Божјиот закон. Тие ќе го оплакуваат големиот неморал и расипаноста што владеат во светот, поддржувајќи го тврдењето на верските учители дека опаѓањето на моралот е предизвикано со сквернавењето на неделата. Оние кои ќе одбијат да го прифатат нивното сведоштво против себе ќе предизвикаат страшно негодување.“ (Големата борба, стр. 590, 591) {МАР 167.2}

„Оние што ќе му се спротивстават на учењето на спиритизмот, за противници ќе ги имаат не само луѓето, туку и сатаната и неговите ангели. Тие влегуваат во борба против властите и против силите на темнината од овој век. Сатаната нема да даде ниту еден центиметар од земјата, освен ако биде потиснат со силата на небесните гласници. Божјиот народ треба да биде способен да му се спротивстави како и нашиот Спасител со зборовите: ’Пишано е!‘ Сатаната и денес може, како и во Исусово време, да го цитира Светото писмо, и тој ќе го изопачува неговото учење за да ги поткрепи своите заблуди. Оние што сакаат да опстанат во ова време на опасност, мораат самите добро да го познаваат сведоштвото на Светото писмо. {МАР 167.3}

Мнозина ќе се соочат со ѓаволските духови што ќе им се појават како нивни мили роднини и пријатели објавувајќи им најопасни заблуди. Овие посетители ќе влијаат врз нашите најнежни чувства и ќе прават чуда за да ги поткрепат своите тврдења. Мораме да бидеме подготвени да им се спротивставиме со библиската вистина дека мртвите не знаат ништо и дека тие што се јавуваат така всушност се ѓаволски духови.“ (Големата борба, стр. 559, 560) {МАР 167.4}

„Сатанските поданици во човечко обличје ќе учествуваат во овој последен голем судир за да се спротивстават на воспоставувањето на Божјото царство. Но и небесните ангели, преправени во човечко обличје, ќе бидат на бојното поле. Двете спротивставени страни ќе постојат сè додека не се затвори и последното големо поглавје од историјата на светот.“ (Review and Herald, 5 август 1909) {МАР 167.5}