29 мај — Пазете се од оние што негуваат дух на поделба!

Мараната — Господ доаѓа
Пазете се од оние што негуваат дух на поделба!
29 мај
„И им рече Исус на учениците Свои: ’Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;‘“ (Лука 17:1) {МАР 157.1}
„Бог ги собира луѓето и ги подготвува да бидат како еден, обединети, да зборуваат исто и да ја остварат Христовата молитва за Неговите ученици. … ’за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно…‘ {МАР 157.2}
Постојано се појавуваат групи што веруваат дека Бог е само со неколкумина, со ретките, а нивното влијание треба да го разурне и растрои она што го градат Божјите слуги. … Луѓето што вложуваат секаков напор да бидат едно во согласност со Божјата Реч и што се утврдени во третата ангелска порака, тие ги гледаат со сомневање затоа што ја извршуваат својата задача и ги собираат душите кон вистината. Ги сметаат за световни затоа што имаат влијание во светот. … {МАР 157.3}
Еден човек станува и изјавува дека Бог го води, а го застапува кривото учење дека нема воскресение за безбожните. … Други изнесуваат погрешни гледишта за иднината. … Сите сакаат целосна верска слобода, секој е независен од другиот, а сепак изјавуваат дека Бог посебно работи во нивните редови. … Овие луѓе не се разумни. Живеат во лажна возбуда, а ние знаеме дека ја немаат вистината. … Да даде Бог да се поправат или да го напуштат празнувањето на саботата. Тогаш не би им биле пречка на неверниците. … {МАР 157.4}
Бог се гневи на оние што упорно настојуваат светот да ги замрази. Ако христијанинот е мразен поради своите добри дела и затоа што Го следи Христос, ќе добие награда. Но ако го мразат затоа што не сака да биде сакан, затоа што е неучтив и се кара со своите соседи околу прашањата на вистината и затоа што настојува саботата да им ја направи што е можно понеподнослива, тој е камен за сопнување на грешниците, срам за светата вистина, и сè додека не се покае, подобро би му било да врзе воденички камен околу вратот и да се фрли во морето.“ (Spiritual Gifts, том 4, стр. 158–160) {МАР 157.5}
