28 мај — Фалсификати!

Мараната — Господ доаѓа
Фалсификати!
28 мај
„Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.“ (Исаија 8:20) {МАР 156.1}
„Божјиот народ е упатен на Писмото како заштита од влијанието на лажните учители и измамничките сили на духовите на темнината. Сатаната го употребува секое можно средство за да ги спречи луѓето да стекнат знаење од Библијата, зашто нејзините едноставни изјави ги откриваат неговите измами. При секое оживување на Божјото дело кнезот на злото станува уште поактивен. Тој сега ги вложува своите крајни напори за последната битка против Христос и Неговите следбеници. Последната голема измама наскоро ќе се покаже пред нас. Антихристот треба да ги изврши своите восхитувачки дела пред нашите очи. Фалсификатот толку ќе личи на оригиналот што ќе биде невозможно да се разликува, освен со помош на Светото писмо. Тоа мора да ја потврди вистинитоста на секоја изјава и на секое чудо. … {МАР 156.2}
Човекот што ја проверува својата вера преку правењето чуда ќе открие дека сатаната може измамнички да прави чуда што изгледаат вистински. {МАР 156.3}
Сатаната е лукав работник и ќе се послужи со подмолни заблуди за да го помрачи и збуни умот и да го искорне од него учењето за спасението. Оние што не ја прифаќаат Божјата Реч и она што е напишано во неа ќе бидат фатени во неговата стапица. {МАР 156.4}
Злите демони во секој миг се на нашиот пат. … Тие подготвуваат нов терен и прават чуда пред нашите очи. … Некои ќе бидат искушувани да ги прифатат овие чуда како да се од Бога. Болните ќе бидат исцелувани пред нас. Чуда ќе се случуваат пред нашите очи. {МАР 156.5}
Дали сме подготвени за искушенијата што нè очекуваат кога ќе има уште повеќе лажни сатански чуда? Зар мнозина нема да бидат фатени во стапица и заведени? Оддалечувајќи се од едноставните прописи и Божјите заповеди и обрнувајќи внимание на басни, умовите на мнозина се подготвуваат да поверуваат во овие лажни чуда. Сите ние сега мораме да се вооружиме за битката во која наскоро ќе учествуваме. Верата во Божјата Реч, проучувана со молитва и применувана во животот, ќе биде наш штит од сатанската сила и ќе нè направи победници преку Христовата крв.“ (Revival and Beyond, стр. 47, 48) {МАР 156.6}
