21 април — Унапредувајте го здравиот начин на живот

Мараната — Господ доаѓа
Унапредувајте го здравиот начин на живот
21 април
„Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.“ (Римјаните 12:1) {МАР 119.1}
„Човекот не може да го принесе своето тело како жива, света и благоугодна жртва на Бога ако упорно им попушта на навиките што го лишуваат од телесната, умствената и моралната сила. Апостолот повторно вели: ’Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено‘ (Римјаните 12:2)“ (Counsels on Health, стр. 23) {МАР 119.2}
„Се наоѓаме во свет што се противи на праведноста и чистотата на карактерот, а особено на растењето во благодатта. Каде и да погледнеме, гледаме осквернување и нечистотија, расипаност и грев. Колку сето тоа е спротивно на делото што мора да се изврши во нас токму пред да го примиме дарот на бесмртноста! Оние што Бог ги избрал мора да останат чисти среде нечистотијата што ги опкружува во овие последни денови. Нивните тела мора да бидат свети, нивниот дух чист. Ако ова дело треба да се изврши, веднаш мораме да му пристапиме сериозно и со разбирање. Божјиот Дух треба целосно да управува, влијаејќи врз секоја постапка. {МАР 119.3}
Здравствената реформа е една гранка на големото дело што треба да ги подготви луѓето за Господовото доаѓање. … Мажите и жените не можат да ги нарушуваат природните закони, угодувајќи им на изопачениот апетит и на похотните страсти, а притоа да не го кршат Божјиот закон. Затоа Тој дозволил да нè осветли светлината на здравствената реформа, за да ја разбереме грешноста на прекршувањето на законите што Тој ги всадил во нашето битие. … Јасно да се изложат природните закони и да се повикува на нивно спроведување е задача што ја придружува третата ангелска порака. … Бог одредил да се покрене прашањето за здравјето и јавноста длабоко да се заинтересира за истражување; зашто невозможно е мажите и жените да ја ценат светата вистина сè додека се под власта на грешните навики што ги уништуваат здравјето и умот. … Оној што ја цени светлината што Бог му ја дал преку здравствената реформа добива важна помош во посветувањето преку вистината и се подготвува за бесмртноста.“ (Counsels on Health, стр. 20, 22) {МАР 119.4} {МАР 119.5} {МАР 119.6}
