17 април — Кога Бог ги надоместува недостатоците

Мараната — Господ доаѓа

Кога Бог ги надоместува недостатоците

17 април

„Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.“ (2 Коринтјаните 6:1) {МАР 115.1}

„Ние треба да бидеме соучесници во Божјото дело во целиот свет; секаде има души кои треба да бидат спасени, треба да ја пружиме нашата помош за да можат синовите и ќерките да бидат приведени кон Бога. Крајот е близу и од таа причина треба во најголема мерка да ја искористиме секоја способност што ни е доверена и секое посредство (човек, институција) кое може да придонесе за напредок на делото. … {МАР 115.2}

Како мора да се чувствуваат ангелите кои гледаат како се приближува крајот и како во ист момент многумина од оние на кои им е доверена последната вест на милост се збиваат во исти места, доаѓаат на состаноци само поради интерес на своите души и покажуваат незадоволство ако нема многу проповеди, додека носат само мали товари и само малку се трудат за спасување на душите? Сите кои со жива вера се соединети со Христа ќе учествуваат во божествената природа. Тие постојано примаат од Него духовен живот и затоа не можат да молчат. {МАР 115.3}

Животот секогаш се покажува во работата. Ако срцето е живо, тоа со посредство на крвотокот ќе испрати живот во секој дел на телото. Оние чии срца се полни со духовен живот не е потребно да се поттикнуваат тоа да го покажат. Божествениот живот ќе потекне од нив како богати текови на благодат. Кога тие се молат, зборуваат и работат, Бог се прославува. … {МАР 115.4}

Најголеми и најтрајни резултати не постигнуваат најсјајните и најнадарените. Кои се најделотворни работници? Оние кои сакаат да одговорат на повикот: ’Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце‘ (Матеј 11:29). {МАР 115.5}

Ако луѓето на кои Бог им подарил умни способности не сакаат да ги искористат во Негова слава, по испити и проби, Тој ќе ги остави на нивната сопствена имагинација и ќе земе луѓе кои не изгледаат толку богато надарени, кои немаат толку многу самодоверба и ќе ги направи слабите силни, затоа што тие се надеваат во Господа да го направи за нив она што не можат да го направат самите. Бог прима служба која доаѓа од сето срце и Тој сам ќе ги надополни недостатоците.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 440, 443, 444) {МАР 115.6}

„Ангелите слушаат каков извештај ќе му однесете на светот за својот небесен Господар.“ (Патот кон Христа, стр. 119) {МАР 115.7}