18 април — Проповедање со сила

Мараната — Господ доаѓа

Проповедање со сила

18 април

„Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: ’Покајте се, зашто се приближи царството небесно.‘“ (Матеј 3:1,2) {МАР 116.1}

„Јован Крстител во својот живот во пустината бил поучуван од Бога. Тој во природата го проучувал Божјото откровение. Под водство на божествениот Дух тој ги проучувал списите на пророците. Дење и ноќе Христос бил предмет на неговото проучување и размислување, сè додека визијата на славата не му го исполнила срцето и душата. {МАР 116.2}

Тој Го гледал Царот во Неговата убавина додека себе се губел од вид. Посматрајќи ја величественоста на светоста, ја увидел својата слабост и недостојност. Негова должност била да им ја објави на луѓето Божјата порака. Тој се одржал благодарение на Божјата сила и Неговата праведност. Бил подготвен да стане гласник на небото, не плашејќи се од човечкото, бидејќи го имал пред очите божественото. Тој стоел без страв пред земните владетели, бидејќи со трепет се поклонувал пред Царот над царевите. {МАР 116.3}

Јован ја објавил својата вест без какви било разработени аргументи и фино измислени теории. Силен и строг, но сепак полн со надеж, се слушнал неговиот глас од пустината: ’Покајте се, зашто се приближи царството небесно‘ (Матеј 3:2). Тоа со некоја нова, необична сила влијаело на луѓето. Целиот народ се возбудил. Маси на народ доаѓале во пустината. … {МАР 116.4}

Во овој век, непосредно пред Христос да се појави на небесните облаци по втор пат, потребно е да се изврши дело слично на Јовановото. Бог повикува луѓе кои ќе го подготват народот да се одржи на големиот Господов ден. … Како народ кој верува во скорото Христово доаѓање, ние мораме да ја објавиме пораката: ’приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле‘ (Амос 4:12). Нашата порака мора да биде исто онака непосредна како што била и Јовановата. Тој ги укорувал царевите заради нивното беззаконие. И иако заради тоа животот му бил во опасност, тој не се воздржувал да го објави Божјото Слово. И нашето дело во овој век мора да биде исто така верно извршено. {МАР 116.5}

За да објавиме таква вест каква што објавил Јован, мораме да имаме духовно искуство какво што имал тој. Во нас мора да се изврши истото дело. Мораме да Го видиме Бога и гледајќи Го Него да се изгубиме од вид себеси.“ (Сведоштва за црквата, том 8, стр. 331–333) {МАР 116.6}