16 април — Сведоштвото што му е потребно на светот

Мараната — Господ доаѓа

Сведоштвото што му е потребно на светот

16 април

„Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.“ (2 Коринтјаните 3:2) {МАР 114.1}

„Преобразувањето на карактерот треба да биде сведоштво на овој свет за Христовата љубов која престојува во нас. Господ очекува од Својот народ да покаже дека откупувачката моќ на благодатта може да влијае на лошиот карактер и да причини тој да се развие во склад и да стане изобилно плодоносен. {МАР 114.2}

Меѓутоа, за да ги исполниме Божјите намери, мораме да се подготвиме за тоа. Господ нè повикува од своите срца да ја искорениме себичноста, која е корен на отуѓувањето. Тој копнее обилно да го излее на нас Својот Свет Дух и бара од нас преку самооткажување да го израмниме патот за остварување на тоа. Кога сопственото ’јас‘ ќе Му се потчини на Бога, тогаш нашите очи ќе се отворат и ќе го видиме каменот на сопнувањето кој, со своето нехристијанско однесување, сме го ставиле на патот на другите. Господ бара од нас сето тоа да го отстраниме. Тој кажува: ’Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите‘ (Јаков 5:16). Тогаш можеме да го чувствуваме она уверување кое го чувствувал Давид, кога по исповедањето на своите гревови, се молел: ’Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене. Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и грешниците кон Тебе ќе се обраќаат‘ (Псалм 51:12,13). {МАР 114.3}

Кога Божјата благодат владее во душата, таа ќе биде опкружена со атмосфера на вера, храброст и Христова љубов, атмосфера која дава животна сила на духовниот живот на сите оние кои ја вдишуваат. … Секој оној кој станал учесник во Христовата љубов која простува, секој кој е просветлен со Божјиот Дух и кој е вистински обратен, чувствува дека тие благослови го обврзуваат кон секоја душа со која ќе дојде во допир. Господ ги употребува оние кои се понизни во срцето за да стигне до душите на кои не можат да им се приближат ракоположените проповедници. Тие ќе бидат поттикнати да зборуваат зборови кои ја откриваат спасоносната Христова благодат. {МАР 114.4}

Донесувајќи благослов на другите, тие самите ќе бидат благословени. Бог ни пружа можност да ја делиме благодатта за повторно да нè исполни со уште поголема благодат. Кога Божјиот претставник се служи со талантите и можностите кои Бог му ги подарил, надежта и верата ќе зајакнат и со него ќе соработуваат божествените битија.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 43, 44) {МАР 114.5}