8 април — Огласете ја тревогата!

Мараната — Господ доаѓа
Огласете ја тревогата!
8 април
„Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е“ (Јоил 2:1) {МАР 106.1}
„Сега нашето внимание треба да го привлечат работите што се однесуваат на нашата вечна благосостојба. Не смееме да дозволиме она што е поврзано со небото да остане во втор план. … Божјите судови се на земјата. Тие свечено предупредуваат: ’Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате‘. {МАР 106.2}
Во нашите цркви има многумина што знаат многу малку за вистинското значење на вистината за ова време. Ги повикувам да не го потценуваат исполнувањето на знаците на крајот на времето, кои толку јасно зборуваат дека крајот е близу. О, колкумина од оние што не се интересирале за спасението на своите души наскоро горко ќе плачат: ’Мина жетвата, сврши летото, а ние не се избавивме‘. {МАР 106.3}
Живееме во завршните сцени од историјата на земјата. Пророштвата се исполнуваат со голема брзина. И часовите на времето на милоста брзо минуваат. Немаме ниту миг за губење. Да не бидеме затекнати како спиеме на стража. Никој да не кажува во своето срце ниту да покажува со своите дела: ’Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘. Пораката за скорото Христово доаѓање нека одѕвонува со сериозни зборови на предупредување. Насекаде да ги уверуваме мажите и жените да се покаат и да побегнат од гневот што доаѓа. Да ги поттикнеме неодложно да се подготват, зашто малку знаеме за она што е пред нас. Проповедниците и верниците нека тргнат напред во зрелите полиња. … {МАР 106.4}
Господ наскоро треба да дојде и ние мораме да бидеме подготвени да Го пречекаме во мир. Да решиме да сториме сè што е во наша моќ за да ја споделиме светлината со оние околу нас. Да не бидеме тажни, туку радосни, и Господ Исус постојано да ни биде пред очите. … Мораме да бидеме подготвени и да го чекаме Неговото доаѓање. О, колку ќе биде величествено да Го видиме и да бидеме пречекани со добредојде како Негови откупени! Долго чекавме, но нашата вера не смее да ослабне. Кога ќе Го видиме Царот во Неговата убавина, ќе бидеме благословени засекогаш. Морам гласно да извикам: ’На пат сме кон нашиот дом.‘ Близу е времето кога Христос ќе дојде со голема сила и слава за да ги одведе Своите спасени во нивниот вечен дом.“ (Review and Herald, 14 јули 1903) {МАР 106.5}
