9 април — Божјата посебна порака за денешното време

Мараната — Господ доаѓа
Божјата посебна порака за денешното време
9 април
„Ноќта одминува, а денот се приближи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.“ (Римјаните 13:12) {МАР 107.1}
„Во време како ова треба да имаме пред себе само една цел — да го употребиме секое средство што го обезбедил Бог за вистината да се всади во срцата на луѓето. … Должност на секој христијанин е со сите свои способности да се труди да го шири познавањето на вистината.“ (Fundamentals of Christian Education, стр. 201) {МАР 107.2}
„Бог долго чекал и сè уште ги чека луѓето што се Негови по создавањето и по откупувањето, да го слушаат Неговиот глас, да Му бидат послушни како мили, кротки деца што сакаат да бидат близу до Него и да ја примаат светлината од Неговото лице, која ги осветлува.
Треба да му ја однесеме третата ангелска порака на светот, предупредувајќи ги луѓето да не му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот лик и упатувајќи ги да го заземат своето место во редовите на оние што ’ги пазат заповедите Божји и верата во Исус‘. Бог не ни го открил времето кога Неговата порака ќе биде довршена или кога ќе заврши времето на милоста. … Наша должност е да бдееме, да работиме и да чекаме, да го искористиме секој миг за спасување на луѓето што се на работ на пропаста. … {МАР 107.3}
Сега, токму сега е време да бдееме, да работиме и да чекаме. … Крајот на сè е близу. … Господовиот Дух работи на тоа вистината од вдахновената Реч да ја втисне како печат во душата, така што Христовите следбеници ќе имаат света, посветена радост што ќе можат да ја споделуваат со другите. … Потребно е подлабоко, посилно, помоќно сведоштво за силата на вистината, кое ќе се види во практичната побожност на оние што тврдат дека веруваат во неа.“ (Review and Herald, 9 октомври 1894) {МАР 107.4} {МАР 107.5}
„Вистината треба да биде всадена во нашите срца и треба да ја поучуваме онаква каква што е во Исус. Светот се наоѓа во многу сериозно време, зашто сега се решава вечната судбина на душите. Сатаната и неговите демони постојано коваат заговор против Божјиот закон и така настојуваат да ги заробат човечките души во мрежите на гревот. Темнината што ја покрива земјата станува сè погуста, но оние што понизно одат со Бога немаат причина да се плашат.“ (Review and Herald, 9 октомври 1894) {МАР 107.6}
