7 април — Лично сведочење

Мараната — Господ доаѓа
Лично сведочење
7 април
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16) {МАР 105.1}
„Зошто сите оние кои полагаат право на Божјата љубов не се трудат да ги просветлат своите соседи и пријатели, за и понатаму да не го занемаруваат ова големо спасение? {МАР 105.2}
Христос се предал Себеси на срамна смрт во агонија, покажувајќи го Своето душевно страдање за да ги спаси оние кои пропаѓаат. О, Христос е во состојба, Христос е волен, Тој копнее за тоа да ги спаси сите кои доаѓаат кај Него! Обратете им се на душите кои се во опасност и укажувајте им на Исуса на крстот, Кој умрел за да биде возможно за Него да прости. Зборувајте им на грешниците со срце преполно со нежна, сочувствителна Христова љубов. Бидете длабоко сесрдни, но ниту еден груб, гласен звук нека не излезе од устата на оној кој се труди да ги придобие душите да погледаат и да живеат. Посветете ја најнапред својата душа на Бога. Гледајќи на нашиот Посредник на небото, вашите срца нека се скршат; тогаш, понизни и потчинети, ќе можете да се обратите на покајничките грешници како оние кои ја чувствуваат силата на откупителната љубов. Молете се со тие души, доведете ги со вера до подножјето на крстот, со своите мисли издигнете ги нивните мисли и насочете ги очите на нивната вера таму каде што и вие ги насочувате своите очи на Исуса, Носителот на гревови. Тие треба да го одвратат погледот од своите јадни, грешни души и да го насочат кон Спасителот и победата ќе биде стекната. Тие сами ќе Го видат Божјото Јагне Кое на Себе ги зема гревовите на светот. Ќе Го видат Патот, Вистината и Животот, Сонцето на праведноста со Своите светли зраци ќе ги осветли нивните срца. Силен бран на откупителната љубов ќе ја напои исушената и жедна душа и грешникот ќе биде спасен преку Исуса Христа. {МАР 105.3} {МАР 105.4}
За распнатиот Христос треба да се зборува, да се споменува во молитвите и песните. Со тоа ќе се скршат и придобијат срца. Тоа е Божјата сила и мудрост со која душите се придобиваат за Христа. Вообичаените формални фрази, како и сувопарното излагање на докази ќе бидат од слаба корист. Омекнувачката Божја љубов во срцата на работниците ќе ја забележат оние за кои тие се заземаат. Душите се жедни за водата на животот. Не бидете празни цистерни. Ако на гладните и жедни души им ја откриете Христовата љубов, ќе ги одведете кај Спасителот и Тој ќе им го даде лебот на животот и водата на спасението.“ (Сведоштва за црквата, том 6, стр. 66, 67) {МАР 105.5}
