17 март — Искачување по Петровите скали

Мараната — Господ доаѓа
Искачување по Петровите скали
17 март
„Затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.“ (2 Петрово 1:5,6,7) {МАР 84.1}
„Укажувајте ѝ на младината на Петровите скали со осум скалила (2 Петрово 1:5-7) и тоа не на највисокото, туку на најниското скалило и потоа со најсесрден поттик повикајте ги да се искачат до врвот. {МАР 84.2}
Скалите го претставуваат Христа, Кој ја спојува земјата со небото. Подножјето на тие скали, преку Неговата човечка природа, е цврсто всадено во земјата, додека највисокото скалило, преку Неговото божество, допира до Божјиот престол. Со Својата човечка природа Христос го прегрнал паднатото човештво, додека со Своето божество се држи за Божјиот престол. Ние се спасуваме искачувајќи се скалило по скалило по тие скали, угледувајќи се на Христа, држејќи се цврсто за Него, качувајќи се чекор по чекор до Неговата висина, така што Тој ќе ни стане мудрост, праведност, посветување и откупување. Верата, доблеста, разумот, воздржувањето, трпението, побожноста, братољубието и љубовта кон Бога — тоа се скалила на овие скали. Во христијанскиот карактер треба да се манифестираат сите овие особини и ’ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос‘ (2 Петрово 1:10, 11).“ (6. Сведоштво, стр. 147) {МАР 84.3}
„Не мислете дека не можете да почнете да развивате друга доблест сè додека не сте ја усовршиле претходната. Не, тие треба да се развиваат заедно. … Секој ден од својот живот можете да ги усовршувате овие благословени особини, целосно откриени во Христовиот карактер. …“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 943) {МАР 84.4}
„Не дозволувајте да ве обесхрабрат многуте задачи што треба да ги завршите во својот живот, зашто од вас не се бара да ги завршите сите одеднаш. Употребете ги во секојдневната работа сите свои способности, искористете ги сите можности. Ценете ја помошта што Бог ви ја дава и искачувајте се по скалите скалило по скалило. Запомнете дека вашиот живот е составен од денови што Бог ви ги дава еден по еден и дека небесните извештаи ќе покажат како сте ги користеле тие предности и можности. Добро искористете го секој ден даруван од Бога, за на крајот да ги слушнете зборовите на Господарот: ’Убаво, добар и верен слуго!‘“ (Messages to Young People, стр. 46) {МАР 84.5}
