25 февруари — Последната битка на сатаната

Мараната — Господ доаѓа

Последната битка на сатаната

25 февруари

„Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час.“ (1 Јованово 2:18) {МАР 64.1}

„Непријателот се подготвува за својата последна борба против Црквата. Толку се скрил од погледот што мнозина одвај веруваат дека навистина постои, а уште помалку се свесни за неговата зачудувачка активност и сила. … {МАР 64.2}

Човекот е пленик на сатаната и по природа е наклонет да се поведува по неговите сугестии и понуди. Тој самиот нема сила да му се спротивстави на злото. Човекот може да се осмели да му се спротивстави на овој страшен непријател единствено ако Христос пребива во него преку жива вера, ако Тој влијае на неговите желби и го крепи со сила одозгора. Секое друго средство за одбрана е целосно напразно. Единствено со Христова помош може да се ограничи моќта на сатаната. Ова е значајна вистина која сите би требало да ја разберат. Сатаната постојано делува, тој е секаде и на секое место, барајќи некого да проголта. Но со сесрдна молитва со вера ќе можеме да им се спротивставиме и на неговите најупорни напори. … {МАР 64.3}

Сатаната се надева дека и остатокот на Божјиот народ ќе го вовлече во општата пропаст што наидува на земјата; и колку повеќе се приближува Христовото доаѓање, тој е сѐ поупорен и порешителен во своите напори да го уништи. Ќе се појават мажи и жени кои ќе тврдат дека имаат нова светлина и ново откровение, со намера да ја поколебаат верата на народот во старите меѓи. Нивното учење нема да носи печат на Божјата Реч, но сепак ќе успее да ги измами душите. Ќе се шират лажни извештаи и некои ќе бидат фатени во таа стапица. …

Не можеме да бидеме премногу внимателни кон сите облици на заблуда, зашто сатаната непрестајно настојува да ги одвои луѓето од вистината. … {МАР 64.4}

Некои луѓе немаат цврст карактер. Тие како топка глина можат да се обликуваат во секој облик што се посакува. … Оваа слабост, неодлучност и неделотворност мораат да бидат победени. Несовладливоста на вистинскиот христијанин е токму во тоа што него не го обликуваат околностите. Луѓето мораат да имаат морален ‘рбет, интегритет кој не може да се свитка со ласкања, уцени, подмитувања и закани. … {МАР 64.5}

Но Бог поставил граници преку кои сатаната не може да помине. Таа бариера е нашата најсвета вера, и ако се развиваме во таа вера, ќе бидеме безбедни под заштитата на Семоќниот.“ (5. Сведоштво, стр. 294–297) {МАР 64.6}