21 февруари — Прикриени искушенија

Мараната — Господ доаѓа
Прикриени искушенија
21 февруари
„Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.“ (Дела 20:29,30) {МАР 60.1}
„Бог не го заобиколил Својот народ за да избере еден поединец овде, а друг онде, како единствено достојни да им ја довери Својата вистина. Тој не му дава на еден човек нова светлина спротивна на утврдената вера на Црквата. При секоја реформа се појавувале луѓе што тврделе дека ја примиле тие. … {МАР 60.2}
Некој прифаќа некоја нова и оригинална идеја, која не изгледа дека ѝ се спротивставува на вистината. Тој зборува за неа и размислува за неа сѐ додека не му се причини привлечна и значајна, бидејќи сатаната умее да ги прикаже нештата на тој начин. Таа најпосле станува негов единствен предмет на разговор, точка околу која сѐ се врти; и вистината е искоренета од срцето. … {МАР 60.3}
Ве предупредувам да се чувате од овие споредни прашања, чија цел е да го одвратат умот од вистината. Заблудата никогаш не е безопасна. Таа никогаш не посветува, туку донесува збунетост и поделба. … {МАР 60.4}
На оние, кои ја имаат светлината на вистината, им се закануваат илјадници опасности, така што ќе бидеме безбедни единствено ако не прифаќаме никакви нови учења, никакви нови толкувања на Светото писмо, пред да ги прашаме искусните браќа за мислење. Изложете го тоа пред нив во понизност, со сесрдна молитва и подготвени да примите поука и ако тие не согледуваат никаква светлина во него, прилагодете се на нивното расудување … {МАР 60.5}
Сатаната постојано е на дело, но мнозина слабо знаат за неговата работа и лукавост. Божјиот народ мора да се подготви за да му се спротивстави на лукавиот непријател. Сатаната најмногу се плаши од отпор. Тој подобро од нас ги познава границите на својата моќ како и фактот дека лесно можеме да го победиме ако му се спротивставиме и се соочиме со него. Со Божја помош и најслабиот светец е посилен од него и од сите негови ангели и ќе биде во состојба да ја покаже својата надмоќност, ако дојде до одмерување на силите. Затоа сатанскиот од е тивок, неговите движења бесшумни, а нападите маскирани. Тој не се осмелува отворено да се покаже, за да не ја пробуди заспаната енергија на христијанинот и да не го натера да Му се обрати на Бога во молитва.“ (5. Сведоштво, стр. 291–294) {МАР 60.6}
