20 септември — Безбожниците за време на злата

Мараната — Господ доаѓа

Безбожниците за време на злата

20 септември

„Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови. И ќе талкаат од море до море, ќе скитаат од север до исток, барајќи го словото Господово, и нема да го најдат.“ (Амос 8:11,12) {МАР 271.1}

„И како што слаткиот глас на милост изумре, страв и ужас ги обзеде злите. Со стравична јаснотија тие ги слушаат зборовите: ’Предоцна е! Предоцна е!‘“ (Рани списи, стр. 281) {МАР 271.2}

„Христос на крстот се чувствувал како што ќе се чувствуваат грешниците кога врз нив ќе се излее Божјиот гнев. Црн очај, како мртовечка покривка, ќе падне врз нивните грешни души и тогаш целосно ќе ја сфатат сета големина на гревот.“ (Signs of the Times, 15. февруари 1883.) {МАР 271.3}

„Оние кои не го вреднуваа Божјиот збор брзаат на сите страни, од море до море, од север до исток за да го бараат Зборот Божји. Ангелот рече: ’Тие нема да го најдат. Владее глад во земјата; не глад за леб, ниту жед за вода, туку за слушање на зборовите Господови. Што сè тие би дале за еден збор на Божјото одобрување!‘ … {МАР 271.4}

Многу од злите, мошне се разбеснија страдајќи од ефектите на злата. Тоа беше сцена на ужасна агонија. Родителите горчливо ги укоруваа своите деца и децата своите родители, браќата своите сестри и сестрите своите браќа. … Луѓето се свртеа кон своите проповедници со горчлива омраза, укорувајќи ги, велејќи им: ’Вие не нѐ предупредивте. Вие ни рековте дека светот ќе се обрати, и викавте: Мир, Мир за да го замолчите секој страв што беше подигнат. Вие не ни укажавте на овој час, и оние коишто нè предупредуваа вие ги прогласувавте за фанатици и зли луѓе, тврдејќи дека тие би нè упропастиле‘. Меѓутоа јас видов дека проповедниците не го одбегнаа гневот Божји. Нивните страдања беа десетпати поголеми од оние на нивните членови.“ (Рани списи, стр. 281,282) {МАР 271.5}

„Во времето кога Божјите судови ќе се излеат без милост, о, колку завидна ќе биде за грешниците положбата на оние што престојуваат ’под закрилата на Севишниот‘ — во шаторот во кој Самиот Бог ќе ги засолни сите што Го љубеле и ги пазеле Неговите заповеди!“ (The SDA Bible Commentary, том 3, стр. 1150) {МАР 271.6}