2 септември — Сведочење пред великаните на светот

Мараната — Господ доаѓа

Сведочење пред великаните на светот

2 септември

„И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.“ (Матеј 10:18) {МАР 253.1}

„Не е далеку времето кога Божјиот народ ќе биде повикан да го даде своето сведоштво пред земните владетели. Ниеден од дваесет верници не сфаќа колку брзо чекориме кон големата криза во нашата историја. … Нема време за суета, ситници или за преокупирање на умот со безначајни работи.“ (Review and Herald, 26. април 1892.) {МАР 253.2}

„Царевите, управниците и великаните ќе чујат за вас преку извештаите на вашите непријатели, и вашата вера и карактер ќе им бидат погрешно прикажани. Но оние што ќе бидат лажно обвинети ќе имаат можност да се појават пред своите обвинители и сами да зборуваат. Ќе ја имаат предноста да им донесат светлина на оние што се сметаат за големи луѓе на земјата; а ако ја проучувате Библијата, ако сте подготвени со понизност и страв да му одговорите на секој што ве прашува за надежта во вас, вашите непријатели нема да можат да ја побијат вашата мудрост. {МАР 253.3}

Сега имате можност да постигнете најголема умствена сила проучувајќи го Божјото слово. Но ако сте мрзливи и не копате подлабоко во рудниците на вистината, нема да бидете подготвени за кризата што наскоро ќе дојде врз нас. О, кога би сфатиле дека секој миг е вреден како злато! Ако живеете од секој збор што излегува од Божјата уста, нема да се најдете неподготвени.“ (Review and Herald, 26. април 1892.) {МАР 253.4}

„Не знаете каде може да бидете повикани да го дадете своето сведоштво за вистината. Мнозина ќе мора да застанат пред законодавни судови, некои пред цареви и учени луѓе, за да сведочат за својата вера. Оние што имаат само површно разбирање на вистината нема да можат јасно да го протолкуваат Светото писмо и да ги дадат вистинските причини за својата вера. Ќе бидат збунети и нема да бидат како оние работници што немаат од што да се засрамат. Никој нека не мисли дека не треба да учи затоа што не проповеда од проповедалницата. Не знаете што може Бог да побара од вас.“ (Fundamentals of Christian Education, стр. 217) {МАР 253.5}