1 септември — Кога ќе стоиме пред судови и совети

Мараната — Господ доаѓа
Кога ќе стоиме пред судови и совети
1 септември
„И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;“ (Псалми 119:46) {МАР 252.1}
„Во големото завршно дело ќе се сретнеме со сериозни тешкотии со кои нема да знаеме како да се справиме, но да не забораваме дека трите големи небесни сили дејствуваат, дека божествената рака е на кормилото и дека Бог ќе ги изврши Своите намери.“ (Evangelism, стр. 65) {МАР 252.2}
„Ќе дојде време кога поради Неговото име ќе бидеме изведени пред совети и пред илјадници луѓе, и секој ќе мора да ја образложи својата вера.“ (Review and Herald, 18. декември 1888.) {МАР 252.3}
„Секое гледиште на вистината што ја застапува нашиот народ ќе ја издржи критиката на најсилните умови. Најголемите луѓе на светот ќе дојдат во допир со вистината, затоа секој свој став критички да го испитаме и да го провериме врз основа на Светото писмо. Сега ни се чини дека сме незабележани, но нема секогаш да биде така. Одредени настани ќе нè истакнат во прв план, и кога историчарите и големите луѓе на светот би можеле да ја соборат нашата вистина, би го сториле тоа.“ (Evangelism, стр. 69) {МАР 252.4}
„Господ Исус ќе им даде на учениците способност и мудрост на кои нивните непријатели нема да можат ниту да им противречат ниту да им се спротивстават. Оние што не можеле со расудување да ги совладаат сатанските измами ќе изнесуваат сигурни сведоштва што ќе ги збунат наводно учените луѓе. Зборовите ќе излегуваат од усните на неуките со таква убедлива сила и мудрост што луѓето ќе се обратат кон вистината. Илјадници ќе се обратат преку нивното сведоштво. {МАР 252.5}
Зошто неписмените луѓе ќе ја имаат оваа сила, а учените нема да ја имаат? Неукиот човек преку верата во Христа влегол во атмосферата на чистата, јасна вистина, а учениот се одвратил од вистината. Тој сиромашен човек е Христов сведок. Не може да се повика на историјата или на таканаречената висока наука, но собира силно сведоштво од Божјото слово. Вистината што ја кажува вдахновен од Светиот Дух е толку чиста и убедлива и носи таква неоспорна сила, што неговото сведоштво не може да се побие.“ (Manuscript 53, 1905) {МАР 252.6}
