27 октомври — Семејствата повторно ќе бидат заедно

Мараната — Господ доаѓа
Семејствата повторно ќе бидат заедно
27 октомври
„Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои – од солзи, зашто за трудот твој има награда, вели Господ, и тие ќе се вратат од непријателската земја. И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ќе се вратат во пределите свои.“ (Еремија 31:16,17) {МАР 308.1}
„Христос ќе дојде на облаците и со голема слава. Околу Него ќе се наоѓаат многубројни блескави ангели. Тој ќе дојде да ги подигне мртвите, а живите светии да ги промени од слава во слава. Ќе дојде да им укаже почест на оние кои Го љубеле и ги држеле Неговите заповеди и да ги земе кај Себе. Тој не заборавил на нив ниту на Своето ветување. Семејниот синџир повторно ќе ги поврзе.“ (Копнежот на вековите, стр. 632) {МАР 308.2}
„Божјиот ден ќе открие колку светот им должи на побожните мајки. … {МАР 308.3}
Кога судот ќе заседава и книгите ќе се отворат, кога големиот Судија ќе ги изговори зборовите ’Убаво‘ и круните на бесмртната слава ќе бидат ставени на челата на победниците, мнозина ќе ги подигнат своите круни пред собраните жители на вселената и, покажувајќи кон своите мајки, ќе речат: ’Таа, со Божјата благодат, ме направи она што сум. Нејзините поуки, нејзините молитви беа благослов за моето вечно спасение.‘“ (Signs of the Times, 11. октомври 1910.) {МАР 308.4}
„Родителите со неискажлива радост ги гледаат круните, облеките и харфите што им се дадени на нивните деца. Деновите на надеж и страв завршија. Можеби изгледало дека напразно го сееле семето со солзи и молитви, но на крајот со радост го пожнеале родот. Нивните деца се откупени.“ (Signs of the Times, 1. јули 1886.) {МАР 308.5}
„Прекрасно избавување! Колку долго зборувавме за него, долго му се надевавме, размислувавме за него со нестрпливо очекување, а сепак никогаш не го разбравме целосно!“ (Големата борба, стр. 645) {МАР 308.6}
„На своите верни следбеници Христос им бил секојдневен другар и близок пријател. Тие живееле во тесна врска, во постојана заедница со Бога. Врз нив навистина се покажала Господовата слава. Врз нив се одразувала светлината на познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа. А сега се радуваат за блескотните зраци и за славата и величеството на Царот над царевите. Тие се подготвени за заедница со Небото, зашто Небото веќе живее во нивните срца.“ (Христовите параболи, стр. 421) {МАР 308.7}
