19 октомври — Победата на светиите што заспале во Господа

Мараната — Господ доаѓа

Победата на светиите што заспале во Господа

19 октомври

„Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.“ (Јован 5:28,29) {МАР 300.1}

„Дарителот на животот ќе ги повика Своите откупени при првото воскресение, а до тој победнички миг, кога ќе одекне последната труба и големата војска ќе тргне кон вечната победа, сите светии што спијат во гробот ќе бидат безбедни и чувани како бесценети скапоцености што Бог ги познава по име. Со силата на Спасителот што престојувала во нив додека биле живи и затоа што биле учесници во божествената природа, тие се подигнати од мртвите.“ (Sons and Daughters of God, стр. 359) {МАР 300.2}

„’Иде часот‘, рекол Христос, ’кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат‘. Тој глас повторно треба да одекне низ сите гробови, и сите светии што спијат во Исуса ќе се разбудат и ќе излезат од своите темници. Тогаш доблестите на карактерот што сме ги примиле од Христовата праведност ќе нè соединат со вистинската големина од највисок ред.“ (Sons and Daughters of God, стр. 359) {МАР 300.3}

„Во утрото на воскресението победата на светиите што спијат ќе биде величествена. … Дарителот на животот ќе ги круниса со бесмртност сите што ќе излезат од гробовите.“ (Sons and Daughters of God, стр. 359) {МАР 300.4}

„Таму стои војската на воскреснатите. Нивната последна мисла била за смртта и болката што таа ја носи. Последните мисли им биле за гробот и погребот, но сега извикуваат: ’О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?‘ … Стојат и го примаат последниот допир на бесмртноста, а потоа заминуваат во пресрет на Господа во воздухот. … Од двете страни ги опкружуваат редови ангели … тогаш ангелскиот хор ја започнува победничката химна; ангелите поделени во два реда ја прифаќаат песната, а им се придружува и откупеното мноштво, како да ја пееле таа песна на земјата, како што навистина и ја пееле. О, каква музика! Нема нескладни тонови. Сите гласови извикуваат: ’Достојно е закланото Јагне‘. Христос го гледа трудот на Својата душа и е задоволен.“ (Sons and Daughters of God, стр. 359) {МАР 300.5}