7 ноември — Најпосле дома!

Мараната — Господ доаѓа
Најпосле дома!
7 ноември
„Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘“ (Матеј 25:21) {МАР 319.1}
„Додека вашите сетила уживаат во привлечната убавина на Земјата, мислете на светот кој ќе дојде, светот кој никогаш не ќе ја запознае злокобната пламеница на гревот и смртта, во кој лицето на природата нема да биде покриено со сенката на проклетството. Обидете се да го замислите домот на спасените, но имајте на ум дека тој ќе биде многу пославен од сè што би можело да го наслика дури и најразиграната мечта. Во разновидните Божји дарови во природата го гледаме најслабиот отсјај на Неговата слава. Напишано е: ’Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат‘ (1. Коринтјаните 2:9).“ (Патот кон Христа, стр. 86,87) {МАР 319.2}
„Набргу, вратите на Небото ќе се отворат да ги примат Божјите деца, а од усните на Царот на славата, како најубава музика, ќе одекнат зборовите на благослов: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот‘ (Матеј 25:34). {МАР 319.3}
И тогаш откупените ќе бидат пречекани со добредојде во домот што Христос им го подготвува.“ (Патот кон Христа, стр. 125,126) {МАР 319.4}
„Тогаш јас го видов Исус како ја води откупената група до портите на градот. При допирот на Неговата рака бисерните порти се придвижуваат на своите блескави шарки и ширум се отвораат, народот што ја држеше вистината влегува внатре. Во градот сите нешта пружаат задоволство за окото. Богата слава се гледа на сите страни. Тогаш Исус погледна кон Своите откупени светии, нивните лица блескаа со слава; и додека Тој не го симнува од нив Својот умилен поглед, Тој рече со својот богат милозвучен глас: ’Јас ја гледам маката на Мојата душа, и задоволен сум. Сето ова богатство и слава е ваше да уживате во неа засекогаш. Вашите тагувања се завршени. Веќе нема да има смрт ниту жал ниту плачење, ниту ќе има повеќе болка‘. … {МАР 319.5}
Јазикот е целосно премногу слаб во обид да се опише небото. Кога сцената се подигнуваше пред мене, јас се изгубив во воодушевување. Однесена со ненадминливиот сјај и извонредната слава, јас го спуштив своето перо и воскликнав: ’Ох, каква љубов! Каква прекрасна љубов!‘ Највозвишениот јазик не може да ја опише славата на небото и љубовта на Спасителот која со ништо не може да се спореди.“ (Рани списи, стр. 288,289) {МАР 319.6}
