20 ноември — Славата на небесниот свет

Мараната — Господ доаѓа

Славата на небесниот свет

20 ноември

„Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.“ (Исаија 64:3) {МАР 332.1}

„Мнозина сакаат да ѕирнат во славата на идниот свет и да ги дознаат вечните тајни што не им се откриени, но залудно тропаат. Она што е откриено е за нас и за нашите деца. … Оној што открива му отворил на нашиот ум многу сознанија потребни за да можеме да ги разбереме небесните убавини и да ја цениме наградата. … {МАР 332.2}

Она што Исус го открил за небесните нешта може да го цени само духовниот ум. Можеме до крајни граници да ја напрегнеме мечтата за да ја опишеме небесната слава, но ’Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат‘ (1. Коринтјаните 2,9). Небесните суштества се насекаде околу нас. … Ангелите на светлината создаваат небесна атмосфера околу душата, издигнувајќи нè кон невидливото и вечното. Не можеме да ја видиме нивната појава со овие наши очи. Само со духовен вид можеме да ги распознаеме небесните вистини. Нашите човечки сили би згаснале пред неискажливата слава на ангелите на светлината. Само духовното уво може да ја препознае хармонијата на небесните гласови. Христовата намера не е да ги возбудува чувствата со блескави описи. … Тој јасно истакнува дека Тој, патот, вистината и животот, е единствениот пат по кој можеме да добиеме спасение. Не се бара ништо повеќе од тоа. {МАР 332.3}

Тој може да нè доведе на прагот на Небото и низ отворените порти да ни ја покаже внатрешната слава која го преплавува небесното Светилиште и свети низ неговите влезови; но тоа мораме да го гледаме со вера, а не со смртни очи. Тој не заборава дека ние сме Негови човечки орудија кои го извршуваат Божјото дело во свет обележан и уништен од проклетството. Во овој свет обвиен во морална темнина како во мртовечки покров, каде мракот ја покрива Земјата и густа темнина народите, ние треба да одиме во небесната светлина.“ (In Heavenly Places, стр. 366) {МАР 332.4}