24 мај — Отоманското Царство во пророштвата

Мараната — Господ доаѓа
Отоманското Царство во пророштвата
24 мај
„Кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: ’Ослободи ги четирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!‘ И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.“ (Откровение 9:14,15) {МАР 152.1}
„Историјата на народите кои еден по друг го заземале своето одредено време и простор, несвесно сведочејќи во прилог на вистината чија смисла самите не можеле да ја сфатат, ни се обраќа и на нас. На секој народ и на секој поединец денес, Бог му одредил место во Својот голем план. Денес луѓето и народите се мерат со висулецот во раката на Оној кој не прави грешки. Сите тие со својот сопствен избор ја одредуваат својата судбина, а Бог сѐ води на начин на кој се исполнуваат Неговите намери. … {МАР 152.2}
Сѐ што пророштвото објавило дека ќе се случи сѐ до нашите денови, е забележано на страниците на историјата, и ние можеме да бидеме сигурни дека по својот ред ќе се исполни и сѐ она што сѐ уште треба да се случи.“ (Воспитување, стр. 178) {МАР 152.3}
„Во 1840. година се исполни едно важно пророштво кое го привлече вниманието на луѓето. Две години пред тоа Јосиф Лич, еден од главните проповедници што го објавуваа второто Христово доаѓање, го објави толкувањето на деветтата глава од Откровението која предвидува пад на Отоманската империја. Според неговите пресметки, оваа сила требаше да биде соборена во август 1840. година. Неколку дена пред тоа тој пишуваше: ’Ако прифатиме дека првиот период од 150 години точно се исполнил, пред Константин XI, со дозвола на Турците, да стапи на престол, и дека 391 година и 15 дена почнуваат кога завршува првиот период, тогаш тие треба да завршат на 11. август 1840. година, кога може да се очекува пад на Отоманската власт во Цариград. И јас цврсто верувам дека така ќе биде‘. {МАР 152.4}
Точно во одреденото време Турција, преку свој пратеник, прифати заштита од големите европски сили и така беше ставена под контрола на христијанските народи. Со овој настан пророштвото точно се исполни … Кога беше објавено тоа, мнозина се осведочија дека се исправни начелата на толкувањето на пророштвата усвоени од Милер и неговите соработници, што придонесе адвентното движење да добие голем поттик.“ (Големата борба, стр. 334, 335) {МАР 152.5}
