5 јуни — Поставување на ликот на ѕверот

Мараната — Господ доаѓа
Поставување на ликот на ѕверот
5 јуни
„И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.“ (Откровение 13:14) {МАР 164.1}
„Ликот на ѕверот ќе се појави пред да заврши времето на проверката; тоа ќе биде најголемиот испит за Божјиот народ, на кој ќе биде решена неговата вечна судбина. … Во Откровение 13 ова прашање е јасно прикажано: ’И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила‘. Тогаш се открива силата што прави чуда: ’И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово‘. {МАР 164.2} {МАР 164.3}
Ова е испитот на кој Божјиот народ мора да биде подложен пред да биде запечатен. Сите што ќе ја докажат својата верност кон Бога, почитувајќи го Неговиот закон и одбивајќи да ја прифатат лажната сабота, ќе застанат под знамето на Господ Бог Јехова и ќе го примат печатот на живиот Бог. Оние што ја отфрлаат вистината од небесно потекло и ја прифаќаат неделата како сабота ќе го примат жигот на ѕверот. …“ (Letter 11, 1890) {МАР 164.4}
„Додека Јован ги гледал последните големи борби на Црквата со земните сили, исто така му било дозволено да ја види крајната победа и ослободувањето на верните. … Меѓутоа, погледнувајќи над димот и борбената викотница на оваа битка, тој на гората Сион со Јагнето видел поворка спасени кои, наместо белегот на ѕверот ’го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец‘ (Откровение 14:1).“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 752) {МАР 164.5}
