29 јуни — Две големи групи христијани

Мараната — Господ доаѓа

Две големи групи христијани

29 јуни

„И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот;“ (Откровение 13:3) {МАР 188.1}

„Соединетите Држави нема да бидат единствените што ќе му се поклонат на папството. Далеку од тоа дека е скршено влијанието на Рим во земјите што некогаш ја признале неговата власт.“ (Signs of the Times, 15 февруари 1910) {МАР 188.2}

„Во последниот судир саботата ќе биде посебен предмет на борба низ целиот христијански свет. Световните владетели и верските водачи ќе се обединат за да го наметнат празнувањето на неделата. Она што нема да го постигнат со поблаги мерки, ќе го постигнат со најсуровите закони што ќе ги донесат. Ќе бараат да нема попуштање пред малкутемина што ѝ се противат на црковната установа и на земните закони. … Римокатоличката вера во Стариот свет и отпаднатиот протестантизам во Новиот ќе се однесуваат на сличен начин кон оние што ги почитуваат божествените одредби.“ (The Spirit of Prophecy, том 4, стр. 444, 445) {МАР 188.3}

„Таканаречениот христијански свет ќе биде сцена на големи и решавачки дејства. Луѓе со авторитет што имаат законодавна власт ќе донесат закони со кои ќе се овозможи владеење над совеста на луѓето, како што правело и папството. Со отровното вино на своето блудство Вавилон ќе ги опие сите народи. Во тоа ќе бидат вовлечени сите народи на светот. [Цитирано Откровение 18:3–7.] Предупредувањето на третиот ангел [од Откровение 14] … во пророштвото е прикажано со ангел што лета среде небото и објавува со силен глас, а тоа ќе го привлече вниманието на светот.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 949) {МАР 188.4} {МАР 188.5}

„На крајот на борбата целото христијанство ќе биде поделено на два големи дела – едните кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, и другите кои му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот лик (икона) и го примаат неговиот жиг. Иако црквата и државата ќе ја соединат својата моќ да ги присилат ’сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови‘ да примат ’жиг на ѕверот‘ (Откровение 13:16), сепак, Божјиот народ нема да го прими. Пророкот уште на Патмос ги видел ’оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето‘ (Откровение 15:2,3).“ (Големата борба, стр. 450) {МАР 188.6}