21 јуни — Знак за напуштање на големите градови

Мараната — Господ доаѓа
Знак за напуштање на големите градови
21 јуни
„Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чита нека разбере, тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините;“ (Матеј 24:15,16) {МАР 180.1}
„Не е далеку времето, кога, како првите ученици, ќе бидеме принудени да бараме прибежиште во пусти и осамени места. Како што опсадата на Ерусалим од страна на римската војска им била знак за бегство на јудејските христијани, така и заканата со сила од страна на нашата нација во декретот со кој присилно се наметнува задолжително празнување на папскиот ден за одмор ќе биде предупредување за нас. Тогаш ќе дојде време да ги напуштиме големите градови, подготвени да ги напуштиме и помалите, подготвувајќи се за осамените престојувалишта во зафрлените места по планините.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 464, 465) {МАР 180.2}
„Со години ми е давана посебна светлина дека не треба да ја сосредоточуваме својата работа во градовите. Метежот и збрките во тие градови, можностите кои ги создале синдикатите и штрајковите, во голема мера ќе ја попречуваат нашата работа. Луѓето се трудат работниците кои се вработени во разни занаети да ги вовлечат во оковите на синдикатот. Тоа не е Божји план, туку план на силата која во никој случај не треба да ја признаеме. Се исполнува Божјата Реч; безбожниците се поврзуваат во снопови за да бидат запалени.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 84) {МАР 180.3}
„Синдикатите и светските здруженија се замка. Држете се подалеку од нив, браќа и сестри. Немојте да имате ништо со нив. Поради овие синдикати и здруженија, наскоро на нашите институции ќе им биде многу тешко да ја продолжат својата работа во градовите. … Едуцирајте го нашиот народ да ги напушти градовите и да оди во средини во кои може да добие мало парче земја и тука да изгради дом за себе и за своите деца… Но, во градовите ќе настанат такви судири и конфузии, така што оние кои ќе сакаат да ги напуштат, нема да можат.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 142) {МАР 180.4} {МАР 180.5}
„Ние не треба да се населиме таму каде што ќе бидеме принудени да одржуваме блиски врски со оние кои не го почитуваат Бога… Кризата наскоро ќе дојде во врска со почитувањето на неделата… Поддржувачите на неделата зајакнуваат во своите лажни тврдења, а тоа значи угнетување на оние кои одлучиле да ја празнуваат Господовата сабота. … Ако според Божјо провидение можеме да обезбедиме станови подалеку од градовите, Господ би сакал да го сториме тоа… Пред нас се бурни времиња.“ (Живот на село, стр. 20, 21) {МАР 180.6} {МАР 180.7} {МАР 180.8}
