5 јули — Прогонство од протестанти и католици

Мараната — Господ доаѓа
Прогонство од протестанти и католици
5 јули
„И ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.“ (Матеј 10:22) {МАР 194.1}
„Нема потреба да мислиме дека не можеме да го издржиме прогонството. Ќе мораме да поминеме низ страшни времиња.“ (Review and Herald, 29 април 1890) {МАР 194.2}
„Прогонствата на протестантите од римокатолиците, кои речиси ја уништиле верата на Исус Христос, ќе бидат надминати кога протестантизмот и папството ќе се обединат.“ (Manuscript 30, 1889) {МАР 194.3}
„Божјиот народ што ги држи заповедите наскоро ќе биде ставен на најголеми искушенија, но оние што оделе во светлината и ја ширеле ќе сфатат дека Бог посредува во нивна полза. Кога сè ќе изгледа како голема опасност, Господ ќе им ја открие Својата сила на верните. Кога нацијата за која Бог работел на толку чудесен начин и над која го раширил штитот на Семоќниот ќе ги напушти протестантските начела и преку својата законодавна власт ќе му даде помош и поддршка на католицизмот во ограничувањето на верската слобода, Бог силно ќе дејствува за Својот народ што Му останал верен. Рим ќе ја спроведува својата тиранија, но Христос е нашето прибежиште.“ (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, стр. 206) {МАР 194.4}
„Кога водечките цркви во Соединетите Држави, обединувајќи се во оние точки на учење кои им се заеднички, ќе почнат да влијаат врз државата да ги наметне нивните прописи и да ги поддржи нивните институции, тогаш протестантска Америка ќе ѝ направи лик (икона) на римската хиерархија, а неизбежна последица на тоа ќе биде наметнување на граѓански казни за оние што веруваат поинаку.“ (Големата борба, стр. 445) {МАР 194.5}
„Светото писмо учи дека папството треба да ја поврати својата изгубена превласт и дека огновите на прогонството повторно ќе се распламтат кога таканаречениот протестантски свет ќе направи отстапки. Во ова опасно време можеме да опстанеме само ако ги имаме вистината и Божјата сила. … Можноста некој да се најде во опасност и неволја не треба да предизвика малодушност, туку треба да ја оживее силата и надежта кај Божјиот народ, зашто времето на неговата неволја е можност Бог да му даде појасно откривање на Својата сила.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 367–370) {МАР 194.6}
