4 јули — Соединетите Држави во пророштвото

Мараната — Господ доаѓа

Соединетите Држави во пророштвото

4 јули

„И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.“ (Откровение 13:11) {МАР 193.1}

„Само една единствена нација одговара на податоците на ова пророштво. Тоа јасно упатува на Соединетите Американски Држави.“ (Големата борба, стр. 440) {МАР 193.2}

„Ова е впечатлив опис на нашата нација што се подига и расте. Роговите слични на јагнешки, симболи на невиност и кроткост, добро го прикажуваат карактерот на нашата влада, кој се пројавува во двете основни начела, републиканизмот и протестантизмот.“ (The Spirit of Prophecy, том 4, стр. 277) {МАР 193.3}

„Господ направил за Соединетите Држави повеќе отколку за која било друга држава под сонцето. Овде обезбедил прибежиште за Својот народ, каде што можел да Му се поклонува според својата совест. Овде христијанството напредувало во својата чистота. Слободно се поучувало животворното учење за еден Посредник меѓу Бога и човекот. Бог уредил оваа земја засекогаш да остане слободна, за сите луѓе да можат да Го слават според сопствената совест. Нејзините граѓански установи во својот развој требало да ја застапуваат слободата на евангелието. {МАР 193.4}

Меѓутоа, непријателот на секоја праведност има свои планови за оваа држава. Ќе се обиде да ги наведе луѓето да заборават дека Бог постои. Световноста и алчноста, која е идолопоклонство, ќе завладеат под влијание на стариот измамник сè додека Божјиот закон во секој поглед не биде прогласен за неважечки.“ (Manuscript 17, 1906) {МАР 193.5}

„Ми беше покажано дека сатаната постојано ни се прикрадува. Тој ќе го прогласи Божјиот закон за ништовен. Токму во нашата земја, која се фали со слободата, ќе дојде крајот на верската слобода.“ (Evangelism, стр. 236) {МАР 193.6}

„Кога нашата нација со своите законодавни акти ќе наметне закони со кои ќе се ограничува совеста на луѓето во поглед на нивните верски права, кога празнувањето на неделата ќе биде принудно наметнувано и кога оние што ја празнуваат саботата како седми ден ќе бидат немилосрдно угнетувани, Божјиот закон ќе биде прогласен за неважечки во нашата земја, а како последица на таквото национално отпадништво ќе следува национална пропаст.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 977) {МАР 193.7}