31 јули — Крајно време е да се разбудиме!

Мараната — Господ доаѓа

Крајно време е да се разбудиме!

31 јули

„И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме. Ноќта одминува, а денот се приближи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.“ (Римјаните 13:11,12) {МАР 220.1}

„Големата борба се приближува кон крајот. Сите извештаи за несреќи на морето или на копното сведочат за фактот дека крајот на сè е близу. Војните и гласовите за војни го објавуваат тоа. Има ли некој христијанин чие срце не чука побрзо додека ги очекува големите настани што се одигруваат пред нас? Господ доаѓа. Веќе ги слушаме Божјите чекори што се приближуваат.“ (Our High Calling, стр. 346) {МАР 220.2}

„Не смееме да дозволиме оваа свест за близината на Христовото доаѓање да ја загуби својата сила, а ние да станеме немарни, невнимателни и да западнеме во дремка — во нечувствителност и рамнодушност кон стварноста. Додека дремеме, се наоѓаме во нереален свет и не сме чувствителни за нештата што се случуваат околу нас. … {МАР 220.3}

Има такви околу кои насекаде свети силната светлина на вистината, а сепак се нечувствителни за неа. Непријателот ги маѓепсал, држејќи ги под обвивката на својата волшебна моќ. Не се подготвени за големиот ден што наскоро ќе дојде врз нашиот свет. Изгледаат целосно нечувствителни за верската вистина. {МАР 220.4}

Зар нема барем млади што се будни? Оние што гледаат дека ноќта се приближува, а по неа утрото, треба неуморно и енергично да работат за да ги разбудат своите заспани пријатели. Зар не можат да ја почувствуваат опасноста што им се заканува на нивните пријатели, да се молат за нив и со сопствениот живот и карактер да им покажат дека и самите веруваат оти Христос наскоро ќе дојде? … Брзото намалување на временското растојание меѓу нас и вечноста треба да нè направи сериозни. Со секој изминат ден ни останува еден ден помалку да ја довршиме својата работа на усовршување на карактерот. … {МАР 220.5}

Голем број луѓе се успиени; мнозина ги трошат драгоцените мигови во безгрижна рамнодушност, како да не се на самиот раб на вечноста. Оние што навистина веруваат мораат да бидат трезвени, будни, сериозни, трудољубиви и да бдеат со молитва. … {МАР 220.6}

Драги млади, дали вашите светилки светат и горат?“ (Our High Calling, стр. 346) {МАР 220.7}