21 јули — Натприродни сцени

Мараната — Господ доаѓа

Натприродни сцени

21 јули

„А на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото.“ (Лука 21:11) {МАР 210.1}

„Како што ќе се приближуваме кон крајот на времето, ќе има сè повеќе надворешни пројавувања на незнабожечка моќ. Незнабожечките божества ќе ја покажуваат својата необична сила и ќе се појавуваат пред градовите на светот. Нешто од тоа веќе почнало да се исполнува.“ (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, стр. 117, 118) {МАР 210.2}

„Пророштвото на Спасителот во врска со казнувањето кое го снашло Ерусалим, треба да има уште едно исполнување, според кое оваа ужасна сцена на пустошење е само слаба сенка. Во судбината на избраниот град можеме да ја видиме судбината на светот кој ја отфрлил Божјата милост и го газел Неговиот закон.“ (Големата борба, стр. 36) {МАР 210.3}

„Како некоја кобна најава на претстојната несреќа и пропаст се појавиле знаци и чудеса. На полноќ, над храмот и олтарот, се појавила неприродна светлина. На зајдисонце, на облаците се појавиле бојни коли и војници подготвени за битка.“ (Големата борба, стр. 29) {МАР 210.4}

„Минатиот петок наутро [24 август 1906], непосредно пред да се разбудам, ми беше прикажана многу впечатлива сцена. Изгледаше како да се будам од сон, но не во својот дом. Од прозорецот можев да видам страшен пожар. Големи огнени топки паѓаа врз куќите, а огнени стрели летаа во сите насоки. Беше невозможно да се изгасне огнот, а многу места беа уништени. Стравот на луѓето беше неопислив.“ (Evangelism, стр. 29) {МАР 210.5}

„Наскоро на небото ќе се видат страшни појави со натприроден карактер, како знак на моќта на демоните кои прават чуда. Духовите ѓаволски ќе одат кај земните цареви по целиот свет да ги измамат и да ги поттикнат да се здружат со сатаната во неговата последна битка против небесното владеење. Така со помош на овие орудија, владетелите и нивните поданици ќе бидат измамени. Ќе се појават луѓе кои ќе се преправаат дека се Христос и ќе бараат чест и обожавање што му припаѓаат само на Спасителот на светот. Тие ќе извршат чудесни исцелувања и ќе тврдат дека од небото добиле откровенија кои се во спротивност со сведоштвата на Светото писмо.“ (Големата борба, стр. 624) {МАР 210.6}