12 јули — Просејувањето

Мараната — Господ доаѓа

Просејувањето

12 јули

„И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата израелска.“ (Езекиел 38:19) {МАР 201.1}

„Видов како некои од Божјиот народ со силна вера и повици во агонија, викаат кон Бога во молитва. Нивните лица беа бледи и обележани со длабока загриженост, изразувајќи ја нивната внатрешна борба, но и одлучност и голема сериозност, додека големи капки пот паѓаа од нивните чела. … {МАР 201.2}

Злите ангели се насобираа околу нив, притискајќи темнина врз нив за да го исклучат Исуса од нивниот поглед, така што нивните очи да бидат привлечени кон темнината којашто ги окружуваше, и така да бидат водени да ја загубат довербата во Бога и да мрморат против Него. Нивната единствена безбедност се наоѓа во тоа својот поглед постојано да го насочуваат нагоре. На Божјите ангели им е наредено да бдеат над Неговиот народ и додека отровната атмосфера на злите ангели притискаше врз овие вознемирени души, небесните ангели постојано лебдеа со своите крилја над нив за да ја растераат густата темнина. {МАР 201.3}

Додека тие продолжуваа со своите срдечни повици, одвреме-навреме зраци на светлина од Исус доаѓаа врз нив, за да ги охрабрат нивните срца и да ги осветлат нивните лица. Јас видов дека некои не учествуваа во тоа дело на агонија и молитва. Тие изгледаа рамнодушни и безгрижни. … Божјите ангели … отидоа во помош на срдечните молители. … Меѓутоа Неговите ангели ги напуштија оние кои не вложуваа никаков напор за да добијат помош, и повеќе не ги видов. {МАР 201.4}

Јас запрашав за значењето на решетањето кое го видов и ми беше покажано дека тоа ќе биде предизвикано од отвореното сведоштво кое се заснова на советот на Верниот Сведок упатен до Лаодикеја. … {МАР 201.5}

Моето внимание беше тогаш посочено кон групата којашто ја имав видено, којашто беше силно решетана. … Бројот на ангели чувари околу нив се беше удвоил и тие беа облечени со оклоп од нивната глава до нивните стапала. … {МАР 201.6}

Јас слушнав дека тие облечените во ’сето оружје Божјо‘ ја објавуваа вистината со голема сила и силен ефект. … Запрашав што е причина за оваа голема промена. Еден ангел одговори: ’Позниот дожд, освежувањето од лицето Господово, гласниот вик на третиот ангел‘.“ (Рани списи, стр. 269–271) {МАР 201.7}