1 јули — Троен верски сојуз

Мараната — Господ доаѓа

Троен верски сојуз

1 јули

„И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби; зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.“ (Откровение 16:13,14) {МАР 190.1}

„Со овој декрет со кој насилно ќе се наметне тој закон на папството и ќе се прекрши Божјиот закон, нашата нација целосно ќе се одрече од праведноста. Кога протестантизмот ќе ја испружи раката преку бездната за да се поврзе со римската сила, и кога таа ќе посегне преку бездната за да се поврзе со спиритизмот, и кога под влијание на овој троен сојуз нашата земја ќе го отфрли секое начело на нејзиниот устав, и кога ќе почне со подготовките да ги шири папските лаги и измами – тогаш знаеме дека е дојдено времето за сатанското дело на чуда и дека се приближува крајот.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 451) {МАР 190.2}

„Преку двете големи заблуди – бесмртноста на душата и светоста на неделата – сатаната ќе успее да го прелаже протестантскиот свет. Додека првата заблуда поставува темел за спиритизмот, втората создава врска на пријателство со Рим. Протестантите во Соединетите Држави ќе бидат први кои ќе подадат рака преку бездната за да ја прифатат раката на спиритизмот. Тие ќе ја прифатат раката на римската власт и под влијание на овој троен сојуз, оваа земја ќе појде по стапките на Рим во газење на правата на совеста. … {МАР 190.3}

Католиците, протестантите и световните луѓе ќе прифатат форма на побожност, без духовна сила, и тие во овој сојуз ќе видат големо движење за преобраќање на светот и за воспоставување на долго очекуваниот милениум (илјадагодишно царство).“ (Големата борба, стр. 588) {МАР 190.4}

„Кога нашата земја ќе се одрече од своите уставни начела до таа мера што ќе го озакони празнувањето на неделата, протестантизмот со тој чин ќе му испружи рака на папството. Тоа не значи ништо друго освен повторно да ѝ се даде живот на тиранијата, која долго чекала шанса повторно да се појави во активниот деспотизам.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 712) {МАР 190.5}